Двојни или одвоени избори? – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на различни позиции

November 5, 2023
1 min read

реклама


Нема никаква логика да се трошат пари за изборите да се одржат одвоени кои ќе ја чинат држава дупло повеќе отколку тие да се одржат во еден термин. Ова во интервју за Радио Слободна Европа во изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој посочи дека и во минатото кога изборите биле блиску, датумот на нивното одржување се спојувал и тоа само поради економски и практични причини.

„Само за месец и пол до два, толку е разликата помеѓу претседателските и парламентарни избори, нема логика да се трошат дупло средства, дупло да се ангажираат избирачки одбори. До денес не добивме ни еден кредибилен одговор на нашите прашања зошто за Македонија е подобро да потроши дупло пари и да е 6 до 7 месеци замрзната со своите активности за да спроведе два изборни циклуси“, вели Александар Николовски.

реклама

Околу одржувањето на изборите од СДСМ остануваат на ставот дека тие ќе се одржат во нивните редовни термини најпрво претседателските па потоа парламентарните.

„Во делот на одржувањето на претседателските и парламентарните избори, многу често го кажуваме нашиот принципиелен став дека прво ќе бидат редовните претседателски избори, а потоа редовните парламентарни избори. Секако дека сме отворени за разговарање за точниот датум. Очекуваме да има работни групи во Собранието, каде опозицијата ќе номинира свои членови и ќе го утврдиме точниот датум на одржување на изборите“, порачаа од СДСМ.

реклама

Вчера Мицкоски рече дека работни групи во Собранието веќе разговарале, но само околу измените на Изборниот законик за препораките од ОБСЕ ОДИХР.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Случајот ТНТ утре на Апелација – Цаноски: Судијата Ристов ги слуша наредбите на Груевски за делото да застари

Следно

(ВИДЕО) Отказот на единствената инспекторка им го продолжил животот на дивоградбите во Гази Баба

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop