Двегодишно дете во САД нашло пиштол и ја убило својата бремена мајка

June 23, 2023
1 min read

Од полицијата велат дека полицајците пристигнале на местото на настанот три минути по првиот повик и насилно влегле во куќата, пренесува Скај њуз

Бремена 31-годишна жена починала откако била застрелана во грбот од нејзиниот двегодишен син во американската сојузна држава Охајо, соопшти полицијата. Лаура Илг, која била во 34-та недела од бременоста, се јавила на 911 минатиот петок за да пријави дека нејзиното дете ја повредило откако ѝ го пронашло пиштолот.

Нејзиниот сопруг потврдил дека и тој примил повик од сопругата која врескала и му викала да повика полиција. Полицијата објави повик во кој се слуша како Илг избезумено моли за помош. Според Ен-би-си њуз, Илг му рекла на диспечерот дека се наоѓа горе на катот во куќата и дека ѝ треба помош.

„Дали вашата влезна врата е отклучена“, ја прашувале од итната помош. „Кажете им да упаднат, ве молам побрзајте“,

им одговорила Илг.

Од полицијата велат дека полицајците пристигнале на местото на настанот три минути по првиот повик и насилно влегле во куќата, пренесува Скај њуз.

„Лаура е пренесена во медицинскиот центар ‘Фишер Титус’, каде што е извршен итен царски рез“,

додаваат тие.

Властите објавија дека нејзиниот нероден син починал помалку од еден час по повикот, а мајката починала подоцна. Потврдено е дека пиштолот до кој дошол малото момче бил SIG Sauer P365.

Полицајците ги нашле пиштолот и чаурите. Илг и нејзиниот сопруг им рекле на властите дека пиштолот го чувале на ноќната масичка во нивната спална соба. Во куќата биле пронајдени и една сачмарка и пиштол „аирсофт“. Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното обвинителство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

Следно

Еруптира вулканот Кључевскаја Сопка во Источна Русија

Latest from Blog

Наследник на медиумско царство во Норвешка и неговата бремена сопруга загинаа во мистеризна авионска несреќа во Гватемала

Неговата бремена сопруга Џудит Мазариегос (26) исто така загина во авионската несреќа. Семејството ја потврди смртта на двајцата за норвешкиот весник „Дагбладет“. Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди само дека меѓу жртвите

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа,
Go toTop