Две сестри спасени од под урнатините 101 час по земјотресите во Туркије

February 10, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Две сестри се спасени од под урнатините во турскиот град Кахраманмараш, дури 101 час по разорните земјотреси окарактеризирани како „катастрофа на столетието“, јавува Анадолу.

Припадници на Противпожарната единица од Анталија, утрово успеаја од под урнатините да ја спасат 15-годишната Ајфер, а потоа и нејзината 13-годишна сестра Фатма, кои биле заглавени под урнатините повеќе од четири дена.

Пожарникарите ископале долг канал длабоко под урнатините за да ги спасат девојчињата.

Додека траела акцијата на спасување, во еден момент Ајфер од пожарникарите побарала да ѝ ја пуштат нејзината омилена песна, што тие и го сториле, пронаоѓајќи ја песната на мобилен телефон.

Акцијата на спасување на сестрите траела околу 10 часа.

„Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени по двата силни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, а кои се окарактеризирани како катастрофа на столетието“, потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.

Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) објави дека во моментов на терен работат повеќе од 120.000 спасувачи и трагачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо дојде до 503. првенствени голови

Следно

По две години, Трамп се врати на Фејсбук и на Инстаграм

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската
Go toTop