Две лица ранети во пукање за време на пречекот на НФЛ шампионите во Филаделфија

February 15, 2025
1 min read

ФИЛАДЕЛФИЈА (АА) – Парада и прослава се одржа вчера во Филаделфија на која навивачите го пречекаа рагби тимот на Филаделфија Иглс, новиот шампион на НФЛ. Сепак, парадата не помина без инциденти. Полицијата на Филаделфија информираше дека во престрелката се ранети две лица, пренесува Анадолу.

„Две жени се застрелани долж булеварот ‘Бенџамин Френклин’ во Филаделфија вчера додека толпата била собрана на победничката Супербол парада“, соопшти полицијата.

Оттаму информираат дека ранетите жени биле згрижени во медицински шатор. 27-годишната жена била застрелана во левата нога, а 20-годишната во горниот дел од левата надколеница. Се истакнува дека и двете жени се надвор од животна опасност.

„Засега не е јасно што довело до пукањето, но се чини дека никој од толпата не ги слушнал истрелите“, соопшти полицијата, додавајќи дека истрагата е во тек.

Инаку, парадата и прославата привлекоа илјадници луѓе, кои дојдоа да ги поздрават Џејлен Хртс и останатите од тимот на Филаделфија Иглс, кои на франшизата ѝ ја донесоа втората шампионска титула во НФЛ.

Иглс во финалето на 59. издание на ХФЛ Супербол го победија Канзас Сити Чифс со 40:22, што се одигра на 10 февруари во Њу Орлеанс. За МВП беше прогласен Хртс, бекот на победничката екипа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски оствари средба со претседавачот на МКБ, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Следно

Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop