Две кривични пријави за вработен во „Национални шуми“ – Подружница „Беласица“ од Струмица

December 15, 2023
1 min read

реклама


СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе две кривични пријави против вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Беласица“- Струмица. Како што информираа од МВР, во првиот случај тој се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 од Кривичниот закон.

Имено, на 21 октомври оваа година полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на товарно возило во кое две лица од село Банско, струмичко, превезувале огревно дрво. Притоа, од приложената документација било утврдено дека осомничениот им овозможил да ги исечат и пренесат дрвата, но наведеното во испратницата не се совпаѓало со тоа што е затекнато на лице место. Поради наведеното и двајцата жители на село Банско се сомничат дека го сториле кривичното дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 став 1 од Кривичниот закон.

реклама

Втората кривична пријава, пак, е поднесена заради сомнение дека вработениот во ЈП „Национални шуми“ сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, а двајца жители на село Мокриево, струмичко, сториле кривични дела „соизвршителство’’ по член 22 став 1 во врска со „Злоупотреба на службената положба и овластување’’ и „употреба на исправа со невистинита содржина’’ по член 380 став 1 од Кривичниот законик.

-На 26.10.2023, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола во складиште за дрвени сортименти во село Колешино, струмичко, при што била затекната поголема количина на техничко дрво на која имало жиг кој не соодветствувал со видот и обликот. За наведената количина, сопственикот приложил испратници, кои биле подготвени од осомничениот референт за сеча. При увид во испратниците било утврдено дека дрвото требало да се пренесе кај лица- жители на селата Пиперево и Мокриево и се однесувале за превоз на огревно дрво, стои во информацијата во денешниот дневен билтен на МВР.

реклама

Се додава дека при извршен инспекциски надзор од страна на државен инспектор од областа на шумарството било утврдено дека сортиментите во испратницата се за обезбедување на физички лица за сопствени потреби од државна шума, а во конкретниот случај не се работело за огревно дрво. Лицата од село Мокриево го извршиле транспортот на дрвата и на нив сопственикот на складот им платил 150.000 денари. 

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ковачевски за платите на функционерите: Сите чинители да седнат на маса и да се најде уставно решение

Следно

Македонија ги прими 20-те икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири, а беа незаконски однесени во Албанија

Latest from Blog

Штип, Тетово и Кичево добиваат модерни болници

Министерството за здравство интензивно работи на значително зајакнување на јавното здравство преку системска реконструкција, доградба и изградба на здравствени објекти, со цел обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и

Њујорк во знак на апокалиптични поплави

Големи поплави во Њујорк, вонредна состојба прогласена во Њу Џерси. Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ најголемиот американски град и во делови од североистокот на сад додека пак обилните врнежи од дожд

Народните пари на големо се трошат за политички кампањи

Државниот буџет најмногу финансирал изборни кампањи на Парламентарните и Претседателските избори кои се оддржаа минатата година. Од Буџетот се искеширале 5 760 270 евра за Претседателската трка додека за парламентарните избори 4

Турција: 39 сини знамиња се веат на плажите во Кушадаси и Дидим

СКОПЈЕ (АА) – Популарните туристички дестинации Кушадаси и Дидим, лоцирани во областа Ајдин на западниот брег на Турција, продолжуваат да привлекуваат голем број домашни и странски посетители благодарение на своето тиркизно море
Go toTop