Двајца загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчки остров

January 10, 2024
1 min read

Безживотните тела на две лица биле извлечени по несреќата со гумен чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во близина на грчкиот остров Лезбос, додека пак на копно, пронајдени биле живи осум лица, а едно е пренесено во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, преживеаните рекле дека во чамецот се пренесувале околу 35-36 лица, а тргнале од турското крајбрежје.

Поради лошото време и силниот ветер, гумениот чамец бил турнат кон карпест дел на копното, од каде што успеале да се спасат осумтемина мигранти.

Во тек е спасувачка акција на копно на Крајбрежната служба на Грција за откривање на останатите лица, кои се превезувале во чамецот, а според процените, успеале навреме да го напуштат.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сè е добро во мојот свет!

Следно

Во израелски напад врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа загинаа 15 Палестинци

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop