Двајца повредени во руски воздушен напад на Киев

June 23, 2024
1 min read

Најмалку две лица се ранети во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев, пренесува Украинска Правда.

Се додава дека проектилите оштетиле шесткатница, како и повеќе од 20 куќи.

Русија синоќа истрела три проектили кон Украина, при што системите за противвоздушна одбрана уништија два проектила над регионот на Киев, изјави на Телеграм Микола Олешук, командант на воздухопловните сили на Украина.

Киев, неговата околина и неколку други региони низ Украина утрово беа под предупредување за воздушен напад околу еден час.

Русија ќе направи се за да ја лиши Украина од способноста да ги нападне енергетските капацитети, како што е нападот на Енергодар во областа Запорожје, што украинската армија го изведе со помош на беспилотни летала, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стотици комбајни синхронизирано жнеат на бескрајните полиња на турската „ризница на жито“

Следно

ЦУК: Од 12 пожари на отворено, четири се уште активни

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop