Двајца македонци кандидати за градоначалник на општина Пустец, партијата на Македонците пред згаснување

April 2, 2023
1 min read

Триесет и едногодишниот Панди Јани е кандидат за градоначалник на општина Пусец, Мала Преспа. Доцна вечерва тој ја објави кандидатурата како предлог на Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета, која е дел од изборната коалиција ” Заедно победуваме”.

-Почитувани браќа и сестри Македонци. Ми претставува особена чест и задоволство да ве информирам дека и официјално сум кандидат за градоначалник на општина Пустец на обединетата опозиција. Дозволете најпрвин за мојот избор и поддршка да се заблагодарам на мојата матична партија-Партија на слободата како и на целата обединета опозиција, пишува Јани.

Искрена благодарност изразува и до сите негови „поддржувачи, членови и симпатизери на каузата за подобар живот во Албанија“.

– Велат дека иднината им припаѓа на младите, а јас токму како млад имам јасна визија за општина Пустец. Ветувам дека општина Пустец по мојата победа ќе добие нов лик и ќе стане подобро место за живеење, се со цел да создадеме нешто добро и убаво за младите и идните поколенија, посочува Јани Панди.

Најавува дека во периодот кој што следи, ќе има официјална промоција на пакет програмата со сите проекти кои ќе бидат реализирани во текот на неговиот мандат како градоначалник на општината.

– Ветувам, чиста и модерна ОПШТИНА ПУСТЕЦ, која ќе биде вистински туристички центар… Со почит, стои во објавата.

Панди Јани е против кандидат на актуелниот градоначалник Пали Колефски од редовите на Социјалистичката партија на Еди Рама.

Според сведочењата на членови на македонската партија, наводно истата и е пред згаснување бидејќи како што велат се распаднало членството.

Според информациите од терен, МАЕИ не успеала на состави ниту советничка листа, односно раководството на партијата не успеало да сочини листа од 15 членови колку што и го сочинуваат советот на општината.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Франциск денеска ја водеше мисата за Цветници откако вчера излезе од болница

Следно

Парламентарни избори во Финска: Сана Марин во борба за втор мандат

Latest from Blog

Она што стрелецот на голот за БиХ го направи вечерва никој го нема направено од 1966 на Мундијалите!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ „Змејовите“ беа во водство до 79-тата минута, но Канада лесно можеше да го земе целиот плен. Сепак, резултатот остана 1:1, а единствениот гол за „Змејовите“ го постигна Јово Лукиќ во 21.

Зеленски: Пешадијата на фронтот би можела да заработува до 6.000 евра месечно

Овие потези доаѓаат во време кога армијата се соочува со сериозен недостиг на персонал по четиригодишната војна со Русија, објави Ројтерс. Владата на Зеленски објави во мај дека ќе разгледа можни мерки

За нови избори се токмат десетици нови правила

На евентуалните предвремени парламентарни избори кои сè повеќе се најавуваат од страна на првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски, може да се оди со неколку десетици нови изборни правила. Носењето нови изборни

Проданоски: Прилеп 60 години е чувар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Со свеченото доделување на наградите, вечерва беше затворено јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, манифестација која веќе шест децении претставува еден од најзначајните столбови на македонската култура и театарска
Go toTop