Дваесет и петгодишнина од НАТО бомбардирањето на Србија

March 24, 2024
1 min read

Загинаа 2.500 лица меѓу кои 1.031 припадници на вооружените сили и полицијата, а ранети се околу 6.000 цивили, 5.173 војници и полицајци, а повеќе лица се уште се водат за исчезнати. Воените загуби на НАТО силите никогаш официјално не се соопштени.

Операцијата на НАТО почна на 24 март 1999 год. под името „Милосрден ангел“ и таа уследи по неуспешните преговори за решавање на кризата на Косово во Рамбује и Париз.

Деветнаесет земји на Алијансата почнаа да бомбардираат од бродови во Јадранското Море, од четири воздухопловни бази во Италија, поддржани од стратешки бомбардери кои полетаа од бази во Западна Европа, а подоцна и од САД. Во бомбардирањето се уништени и оштетени 25.000 станбени единици, 470 километри патишта и 595 километри железнички пруги. Онеспособени се 14 аеродроми, 19 болници, 20 здравствени центри, 18 детски градинки, 69 училишта, 176 споменици на културата, 44 мостови беа оштетени, а 38 беа уништени.

Симбол на страдањето во бомбардирањето на СРЈ беше малата Милица Ракиќ, која почина на 17 април за време на бомбардирањето на Батајница. Ноќта на 23 април 1999 година, по полноќ, НАТО ја нападна и зградата на РТС, при што загинаа 16 работници. Ова беше прв случај кога медиумска куќа беше прогласена за легитимна воена цел.

За време на бомбардирањето беа извршени 2.300 воздушни напади врз 995 објекти низ целата земја, а 1.150 борбени авиони лансираа близу 420.000 проектили со вкупна тежина од 22.000 тони.

НАТО лансираше 1.300 крстосувачки проектили, беа употребени и графитни бомби, како и 37.000 касетни бомби од кои 200 лица загинаа, а повеќе од стотина беа повредени.

По повеќедневен дипломатски притисок, бомбардирањето заврши со потпишувањето на Воено-техничкиот договор во Куманово на 9 јуни 1999 година, а на 10 јуни, беше усвоена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, по што за три дена започна повлекувањето на срспката војска и полицијата од Косово и влегувањето на меѓународните воени сили.

“Денот на сеќавањето на настраданите на НАТО агресијата 1999“ е централната манифестација што вечерва ќе се одржи во Прокупље, а на која ќе говори претседателот Александар Вучиќ.

Движењето за обновување на Кралството Србија (ПОКС) ги покани поддржувачите „и сите патриоти“ да се приклучат на вечерашниот протест пред зградата на поранешниот Генералштаб во центарот на Белград, по повод најавата дека Владата ќе ја даде оваа зграда под закуп на американски компании, а која беше делумно разурната за време на агресијата на НАТО во 1999 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198

Следно

Ослободени се речиси 300 ученици по повеќе од две недели во заробеништво во Нигерија

Latest from Blog

ВНУКАТА НА ЏИНГИС-КАН ЈА ПРЕСТАВУВА СРБИЈА НА МИС УНИВЕРЗУМ 2025: Моите корени се азиски, мојот пасош е српски, мисијата – универзална

Манекенката и натпреварувачка за убавина Јелена Егорова, која ќе настапи под знамето на Србија на претстојниот избор за Мис Универзум 2025, се најави преку своите социјални мрежи и изрази благодарност за „неверојатниот

Сиљановска-Давкова во работна посета на oпштина Ресен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 11 ноември, вторник, ќе престојува во работна посета на општина Ресен, информираат од Кабинетот на претседателката. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и со членовите

Ана Брнабиќ во Киев: Србија ќе ја поддржи Украина на патот кон Европската Унија

По средбата, Брнабиќ изјави дека двете земји имаат повеќе области во кои успешно соработуваат, но дека постои простор таа соработка да биде „уште поинтензивна“. Таа порача дека Србија ќе ѝ помогне на

Волфсбург остана без тренер

Пол Симонис повеќе не е тренер на екипата на Волфсбург. Менаџментот на тимот се одлучи за ваков потег поради лошите резултати на тимот во актуелната Бундес лигашка сезона. Симонис пристигна летоска во
Go toTop