Ослободени се речиси 300 ученици по повеќе од две недели во заробеништво во Нигерија

March 24, 2024
1 min read

АБУЏА (АА) – Речиси 300 киднапирани нигериски ученици се ослободени денес, две недели откако беа киднапирани од училиште во северозападна Нигерија, соопштија официјални лица, пренесува Анадолу.

Најмалку 1.400 ученици се киднапирани од нигериските училишта од 2014 година, кога милитантите на Боко Харам киднапираа стотици ученички од селото Чибок во државата Борно.

Последниве години киднапирањата се концентрирани во северозападните и централните региони на земјата, каде десетици вооружени групи често ги напаѓаат селаните и патниците за откуп.

Најмалку 17 други ученици во северната држава Сокото, исто така, се спасени по две недели откако беа земени како заложници, се вели во соопштението што владата на државата Сокото го објави вчера.

Операциите за спасување биле координирани од канцеларијата на нигерискиот советник за национална безбедност.

Уба Сани, гувернер на државата Кадуна, не даде детали за ослободувањето на 287-те ученици киднапирани од нивното училиште во оддалечениот град Куриги на 7 март. Најмалку 100 од нив се на возраст од 12 години или помалку години.

Во изјавата, гувернер Сани му се заблагодари на нигерискиот претседател Бола Тинубу што „особено се погрижил киднапираните ученици да бидат ослободени неповредени“.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за киднапирањето, за кое локалното население ги обвинува бандитските групи познати по масовни убиства и киднапирања за откуп во северниот регион разурнат од конфликтот, од кои повеќето се поранешни сточари кои им се спротивставуваат на населените заедници.

Апсењата се ретки при масовни киднапирања во Нигерија, бидејќи жртвите обично се ослободуваат само откако семејствата ќе платат откуп или преку договори со владини и безбедносни службеници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дваесет и петгодишнина од НАТО бомбардирањето на Србија

Следно

Во Германија студентите возат трамваи оти нема кој да работи

Latest from Blog

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на

Скопје – Блаце конечно добива продолжение: „Гранит“ ќе гради 10,5 километри автопат

Градежната компанија „Гранит“ го потпиша договорот со ЈП „Државни патишта“ за изградба на вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, кој треба да ја поврзе македонската метропола со границата со Косово. Според

Арбелоа: Заслуживме повеќе!

фото: Real Madrid C.F. (X) Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од
Go toTop