Два – три дена по Новата година, Судскиот совет ќе избира претседател

December 30, 2024
1 min read

Веднаш после Новата година, во петок на 3 јануари, Судскиот совет ќе избира нов претседател.

Изборот на нов претседател на Советот доаѓа на точно еден месец откако Весна Дамева на 2 декември поднесе оставка од оваа функција. Во образложението на оставката, Дамева наведе дека во последниот период од страна на одредени политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет.

Во оваа смисла, таа директно ги посочи премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски

Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања во врска со најавеното разрешување на членови на Судскиот совет, за што тој рече дека не би се согласил оти начинот на којшто треба да се побара одоговрност од членовите на Советот е противуставен и незаконски, како што тврдат одредени експерти.

Од друга страна пак, од опозициската СДСМ го обвинуваат Мицкоски дека сака да го окупира судството преку неуставно распуштање на Судскиот совет

„Режимот дефинитивно се враќа. Најавите на Мицкоски дека владата планира да го распуши Судскиот совет со разрешување на 5 членови е чекор кон целосна окупација на судството од стрна на власта. Мицкоски сака судството да го стави под негова контрола. Ова значи газење на демократијата, газење на уставната поделба на власта и враќање кон мрачните времиња на политички прогон преку контролирани судии и судски процеси. Целосно спротивно на сите реформи и на она што Мицкоски го потпиша во планот за раст пред само неколку месеци во Брисел“, велат во СДСМ/.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Следно

МВР распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски

Latest from Blog

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен
Go toTop