Дување роденденски свеќички се претвори во целосен хаос- гостите врескаат од страв (ВИДЕО)

September 16, 2025
1 min read

Аскин Аџар, кој полнел 16 години, сакал да го прослави својот ден со своето семејство и пријатели. Сепак, наместо незаборавна прослава, тој доживеа шок. Снимката што подоцна се појави на мрежите ги шокира гледачите.

Огномет наместо свеќи

Снимката го прикажува моментот кога славеникот се подготвува за церемонијата. Сепак, наместо вообичаените свеќички или лампиони, на тортата бил поставен огномет.

Во истата секунда, настана хаос! Пламенот се насочи кон таванот, а гостите врескаа во паника додека искри и чад летаа низ просторијата.

Иако Аскин беше преплашен во тој момент, денес тој гледа на сè со насмевка: „Изгледаше како мачење, но во исто време беше и смешно.“

„Имаше многу среќа…“

Гледачите не останаа рамнодушни во коментарите, пренесува Net.hr.

„Имаше голема среќа што ниту еден балон исполнет со хелиум не експлодираше“, „Роденден или најлошиот ден во неговиот живот“, беа некои од пораките.

Останува нејасно како семејството ја направило грешката да ги замени свеќите со огномет, но едно е сигурно – 16-тиот роденден на Аскин ќе се памети долго време, и низ целиот интернет.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ полувреме: Шок за ПСВ во Ајндховен, без голови на „Сан Мамеш“

Следно

Последните снимки на Роберт Редфорд во јавност (ФОТО)

Latest from Blog

Три спектакли за три дена: Битола викендов ќе пулсира со музика

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот

И во Албанија шефот на судиите е странец

Шпанецот Бернардино Гонзалес Васкез е новиот шеф на судиската организација на Албанија, со што фудбалот и во оваа земја ангажираше странски експерт кој ќе го набљудува и развива судењето на фудбалските стадиони.

ФОТОГАЛЕРИЈА | НЕВРЕМЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРА ЈАПОНИЈА – 360 милиметри дожд за 24 часа, четворица загинати и илјадници заглавени на аеродром

Рекордни врнежи ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и хаос на аеродромите, а досега се потврдени најмалку четири жртви. Во префектурата Чиба за само 24 часа наврнале повеќе од 360

Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме. Според временската најава, локално се очекуваат пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а можна
Go toTop