Дуковски: Зошто Обвинителството побaра само одземање на пасошот на кумот на Заеви, а сомнежот е за организиран криминал?

October 21, 2024
1 min read

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов осомничен за затајување на данок и регистрирање на фантом фирми преку кои цицал од државниот буџет со поврат на лажен ДДВ, е дома без пасош, а за телесна повреда луѓе завршуваат во притвор. Дел од адвокатите кои работат кривични постапки се чудат на однесувањето на Обвинителството кое за кумот на Заеви побара да остане само без пасош со оглед на тоа што се работи за организиран криминал и штета на државната каса од над 14 милиони евра, објавува Алфа телевизија.

-Не можам реално образложение да најдам зошто не се води постапка против некој друг, затоа што тие институции се многу битни за вршењето на кривичното дело. Човек надвор од тие институции не може да го направи тоа кривично дело, а тој првиот што е врв на пирамидата поминува само со мерки за претпазливост што исто така е многу чудна работа, вели за Алфа адвокатот Сашко Дуковски.

Засега Обвинителството води предистражна постапка за Крмзов. Тој е сослушан во Судот минатиот месец додека УЈП и МВР му ги претресуваа фирмите и становите. Покрај него, Обвинителството сослушало уште тројца, но тие веднаш се пуштени и не стигнале ниту до Судот. Ниту тогашната директорка на УЈП, ниту директорката на Централен регистар, никој не е опфатен во предистрагата иако е очигледно дека Крмзов без поддршка на институциите не можел да регистрира фиктивни фирми и да зема лажен ДДВ.

На прашање на Алфа што прави Обвинителството за организиран криминал во врска со случајот, одговорија кусо. Обвинителот презема дејствија.

-Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по него активно постапува предметниот обвинител преземајќи дејствија во насока на расчистување на случајот, велат од Обвинителство.

И државниот обвинител во гостување на јавниот сервис веднаш по претресите не беше сигурен дека има доказен материјал за струмичката империја на Крмзов направена преку криминална шема. Било многу рано за да може да знае.

Според информациите, над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција од фирмите на Крмзов коишто се задолжувале во пропадната банка Еуростандард.

Крмзов веројатно имал спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети за поранешен сомнеж за криминал биле чувани во фиока. Ако не било така, упатени коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.

Воедно, истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1.500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на Царинска управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки. Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, потоа директорите на Централен Регистар и тогашна Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Се лепат опомени за хаварисани возила во Центар – доколку не се отстранат, ќе има казни!

Следно

САД: Харис и Трамп во тесна трка за претседателските избори

Latest from Blog

Руски разузнувачи: ЕУ подготвува „српски Мајдан“, ќе се обидат да го искористат 1 ноември

Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР) објави дека, според нејзините информации, „сегашните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во голема мера производ на субверзивните активности на

Локални избори во Косово: „Единствена горанска партија“ со своја кандидатска листа

На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 12 октомври, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата  „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија

Доналд Трамп ги повика Федералните резерви значително да ги намалат каматните стапки

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја повика американската централна банка значително да ги намали каматните стапки на претстојниот состанок за монетарната политика. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој изјави

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Кирков праша: „Добар ден градоначалничке? Како
Go toTop