Дуковска за „Студио 10“: Сиромашните не се само статистика

February 27, 2024
1 min read

„Не е доволно само да се констатира колку сиромашни жители и семејства имаме во Македонија. Она што мене ме загрижува е тоа, како се употребуваат податоците за бројката на сиромашни. Многу е поважно кој е сетот на мерки кој ќе го примениме, а тие луѓе да ги тргнеме од таа категорија и да ги пренесеме во секторот на пазарот, а да не бидат повеќе во делот на социјална заштита. Дополнително, туку ги забораваме и луѓето кои се во ризик од сиромаштија, со некоја мала промена, како инвестиција во домот, куса болест, губење на работа краток период веќе стануваат дел од групата сиромашни граѓани и ова трае предолго, дури и оние кои ги нарекувавме средна класа, не се чувствуваат така затоа што заштедите брзо им се трошат. Со сите граѓани кои разговараме, потенцираат дека не можат месецот да го поминат без 60.000 денари. Мора да се овозможат економски, социјални и културни права. Не е животот само јадење и гледање вести. Животот е повеќе од тоа.“ – вели за „Студио 10“ Билјана Дуковска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Не постои прашање за испраќање европски НАТО сили во Украина

Следно

Мафијашка пресметка во Црна Гора- среде улица е убиен припадник на шкаљарскиот клан

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop