ДУИ прифаќа да не биде во влада што ќе се формира по усвојување на уставните измени

June 7, 2023
1 min read

Европската иднина на граѓаните е пред сè, вели Османи

Демократската унија за интеграции (ДУИ) се согласува да не биде во владата што ќе се формира откако претходно ќе се изгласаат и ќе стапат во сила уставните измени.

„ДУИ е подготвена да поддржи влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сè“,

објави портпаролот на партијата Бујар Османи на Фејсбук.

Ваквиот став Османи го изнесе откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, изрази подготвеност неговата партија да влезе во влада, но во неа да не биде ДУИ.

Ова Мицкоски го понудил како одговор на понудата на Ковачевски да почне процесот на уставните измени, а СДСМ да ѝ отстапи пет од своите десет министерски места на ВМРО-ДПМНЕ.

„На оваа понуда, која претставува позиција на Димитар Ковачевски, од моја страна беше даден следниот одговор – во ред, ја разбирам понудата и за неа го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со другите политички партии, но без учество во владата на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во неа со тоа што избори подготвува техничка влада, а не оваа влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“,

рече Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: Изгледа тргнаа. Ќе ги сопреме па ќе тргнеме ние

Следно

Туркије: Во Кападокија се развива фототуризмот

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop