Туркије: Во Кападокија се развива фототуризмот

June 7, 2023
1 min read

НЕВШЕХИР (АА) – Кападокија, во Туркије, којашто ја красат природни убавини, пречекува сѐ поголем број љубители на фотографијата како резултат на зголеменото значење што се придава на нивното споделување на социјалните мрежи, пишува Анадолу.

Историскиот локалитет, познат по карпестите формации, подземните градови, долините, историските градби, како и балоните со топол воздух, прекрасниот поглед, ги привлекува љубителите на фотографијата.

Од изгрејсонце до зајдисонце во регионот, од падините на долината до хотелските тераси, од продавниците за теписи до фармите за коњи, се слушаат звуци од фотоапаратите.

Некои од посетителите како украс ја користат колоритната глетка создадена од балоните со топол воздух, кои се движат меѓу камените формации, познати и како „самовилски оџаци“, од класичните автомобили што ги најмуваат.

До пред неколку години повеќе парови доаѓаа на меден месец во Кападокија за да го овековечат моментот со прекрасни фотографии, додека од неодамна таа е домаќин на сѐ повеќе љубители на фотографијата.

Претседателот на Здружението на фотографи на Кападокија (КАПФОД), Халил Ѓунеш, во изјавата за Анадолу, рече дека стотици луѓе од земјата и од странство ја посетуваат Кападокија за да се фотографираат.

Според него, за да се задоволат потребите, во регионот е зголемен бројот на носии и класични автомобили, додека нивното здружение има 90 фотографи.

„Се фотографира неколку часа на изгрејсонце. Има луѓе што сакаат да се фотографираат на зајдисонце, но повеќето од фотографиите се направени во моментот на полетување на балоните. Класичните возења со возила и коњи започнуваат со изгрејсонцето во регионот. Стотици туристи и парови на меден месец се фотографираат во исто време“, рече тој, укажувајќи дека 30 отсто од туристичкиот сектор отпаѓа на фотографијата.

Мустафа Чанер Јалчин, кој обезбедува услуги за фотографирање на туристите во регионот, рече дека има туристи што доаѓаат само за да се фотографираат.

Фотографот Шабан Чифтчибаши, пак, истакна дека од првата светлина на денот до зајдисонце се трудат да ги имаат најубавите фотографии од туристите.

Енес Озчен, кој доаѓа од Болу само за да фотографира во текот на денот, рече дека глетката во Кападокија е извонредна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ прифаќа да не биде во влада што ќе се формира по усвојување на уставните измени

Следно

НАТО се подготвува за најголемата воздухопловна вежба во Европа

Latest from Blog

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски,

Делфино Мобилити Груп со брендовите SIXT, Geely и Lynk & Co реализираше општествено одговорна иницијатива за побезбеден почеток на 200 првачиња

Преку активноста „Безбедно до училиште, среќно во новите авантури!“ компанијата придонесе кон раното градење сообраќајна култура и безбедни навики кај децата Грижата за заедницата започнува со препознавање на темите што се важни

„Марка“: Меси ќе игра во Интер Мајами уште две години пред да оди во пензија

фото: Messias @Messias30_ (X) Лионел Меси, и покрај одлуката да се повлече од аргентинската репрезентација, нема намера веднаш да стави крај на професионалната кариера. Според „Марка“, 39-годишниот Аргентинец планира да продолжи да
Go toTop