ДУИ: Ова не е изолиран инцидент – ова е координиран напад врз албанскиот јазик и правата на албанците

January 5, 2025
1 min read

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува, како што се наведува во партиското соопштение, скандалозната одлука на претседателката гордана силјановска-давкова за ставање вето на двојазичноста.

Ова е отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во Северна Македонија! Ова не е изолиран чин, туку јасно координирана стратегија. Ова е агресија против Албанците, во која ВРЕДИ свесно ја презема улогата на соработник. Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда. ДУИ има јасна порака: Албанскиот јазик не е монета за политичко поткусурување! Тој е уставно загарантирано право, а не инструмент кој оваа влада може да го користи по сопствена волја! ДУИ нема да седи со скрстени раце! Ќе ги искористиме сите политички и правни механизми за да го спречиме ова антиалбанско лудило! Претседателката и оваа влада треба да знаат едно: Албанците нема да дозволат да бидат избришани! Нашиот јазик е нашето достоинство, нашиот идентитет и нашата иднина – и ќе го браниме по секоја цена!

 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Ова не е изолиран инцидент – ова е координиран напад врз албанскиот јазик и правата на Албанците!

Следно

Минатата година беше најжешката досега во Србија

Latest from Blog

Во Битола одбележан Денот на македонските пожарникари

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележуваат 20-ти мај Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата

ВЛЕН: Ги решаваме проблемите што ДУИ ги остави 20 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека протестот на студентите повторно ја разоткрил, како што велат, политиката на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека две децении оставала нерешени проблеми поврзани со употребата на албанскиот јазик. Од

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ на Кина, објави Си-Ен-Ен . Преговори за царинско и трговско примирје Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат

Македонски Концепт: Политиката на ДУИ нема иднина во Македонија

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ги осудува партиските протести на левичарската ДУИ, организирани по нарачка и за потребите на Белград Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански,

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше Европската Унија за тоа што не го искористи својот дипломатски потенцијал за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина, објави Политико. – Мислам
Go toTop