ДУИ: Одлуката за полицаецот кој го погази албанското знаме, тешка провокација за соживотот!

December 27, 2024
1 min read

Од ДУИ велат дека одлуката на Министерството за внатрешни работи да го затвори случајот со полицаецот кој го понижил Албанското национално знаме без никаква одговорност или казнена мерка е срамен чин и јасен знак за легализирање на дискриминацијата кон Албанците во Северна Македонија. 

„Овој потег ја покажува целосната неуспешност на институциите да го заштитат достоинството на Албанците и да обезбедат почитување на основните права.

Одговорноста за оваа состојба не се сведува само на етничката омраза и одмазда на Владата и  на министерот Панче Точковски, туку и на нелегитимните албански претставници во владата, кои со своите континуирани манипулации и лажни ветувања ги предадоа интересите на Албанците. 

Заменик-министерот за внатрешни работи и претставниците албанци избрани од ВМРО-ДПМНЕ, кои денес се дел од оваа влада, покажаа целосна неспособност да го претставуваат и бранат својот народ, станувајќи гаранти на неправдата и дискриминацијата.

Нивното молчење пред овој чин и пред многу други дискриминаторски постапки претставува голем срам и предавство на националните интереси на Албанците. 

Наместо да бидат заштитници на Албанците, тие станаа алатки на власта, која систематски ги понижува нашите симболи и националното достоинство.

Оваа состојба не може повеќе да се толерира. 

Албанците се изморени од манипулациите, празните ветувања и предавствата на своите претставници, кои продолжуваат да делуваат во личен интерес наместо да ги бранат правата и интересите на својата заедница.

Сите кои се дел од оваа неправда ќе сносат одговорност пред Албанците и пред историјата“, велат од ДУИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕСМ во декември купила струја за околу 20 милиони евра

Следно

Над 400 дечиња од различни социјални категории на „Зимзоленд“

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop