ДУИ нема ништо против ЕСП да има член во ДИК, Ковачевски бара законите да не се толкуваат своеволно

December 14, 2023
1 min read

реклама


По жестоката расправа во Комисијата за избори и именувања за биографијата на кандидатот за член на ДИК, Абдуш Демир, која доаѓа како предлог на албанската опозиција ЕСП, комисијата повторно се состана и одлучи да ја разгледа целата листа од 5 кандидати. Сега останува да видиме што ќе се случува на пленарната седница, но какви се очекувањата на албанската опозиција?

„Се надевам да имаме нормална ситуација, целиот процес да се одвива согласно Изборниот законик и Деловникот на Собранието и во суштина да имаме комплетна ДИК, поради тоа што само на овој начин имаме предуслови следните избори да бидат фер и демократски. Во моментот имаме блокада од парламентарното мнозинство за да се пополни ова место кој и припаѓа на албанската опозиција, порака која е многу јасна дека власта се спрема за манипулации.“, рече Зендели.

реклама

Потпретседателот на ДУИ, кој истовремено е и координатор на парламентарната група, Арбр Адеми, вчера за ТВ21 изјави дека немаат ништо против тоа албанската опозиција да има свој член во ДИК, но тоа да биде согласно законите.

„Опозицијата во целина е застапена, ВМРО-ДПМНЕ има свои претставници. Сега останува албанската опозиција, согласно законските одредби, овде немаме ништо против, ништо спорно за да има свој член, да има баланс на силите, но одлуките мора да се носат во согласност со законот.“, вели Адеми.

реклама

Како ја коментирате оваа изјава на Арбр Адеми?
„Мислам дека е позитивна. Не сум го следел, но сега слушам од вас… тоа е нешто што е во согласност со законската регулатива на државата, Изборниот законик кој ја одредува распределбата на местата во ДИК, местото е за албанската опозиција и согласно ова можам да ја оценам како позитивна ваквата изјава на координаторот на ДУИ.“, изјави Зендели.

Од друга страна, прашан за ова прашање, премиерот Димитар Ковачевски, од Брисел, рече дека законите не може да се толкуваат кој како сака.

реклама

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени двајца малолетници за нанесување повреди на 14-годишник во Скопје

Следно

Влада: Пренамена на две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop