ДУИ: Единствени разговори за Кривичниот законик се водени со Мицкоски на лидерски средби во Клубот на пратеници

September 23, 2023
1 min read

реклама



Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска порачаа дека лидерот на партијата Али Ахмети со екс премиерите Никола Груевски и Зоран Заев се среќавал на посебни средби за процесот на помирување за време на Пржинските преговори и никогаш не се разговарало за Кривичниот законик од едноставен факт што тогаш немаше ниту Специјално јавно обвинителство (СЈО), ниту обвиненија.

„Единствените разговори за Кривичниот законик се водени со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерски средби во Клубот на пратеници, по негова иницијатива и барање откако стана претседател на партијата“, порачуваат од ДУИ.

реклама

Во врска со наводите за споменатите информации како „УСБ“ и „плико со документи“ што наводно биле дадени на претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерот Али Ахмети, од ДУИ велат дека немаат примено такво нешто.

„Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интригантни сценарија или заговори и нема двојна агенда. Нашата агенда е транспарентна, а тоа е Европска Македонија“, додаваат од ДУИ.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарот во Хром подметнат за да се скрие убиство на 35-годишниот маж

Следно

Манчестер Сити реди победи во Премиерлигата, Фоден и Халанд донесоа три бода против Нотингем форест (ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop