Државниот архив со историски публикации на 35. Саем на книгата

May 2, 2023
1 min read

Државниот архив ќе учествува на 35. годишен Саем на книгата, што ќе се одржи од 4 до 10 мај во салата „Борис Трајковски – А1 арена“. На штандот на Архивот ќе бидат изложени голем избор зборници на историски документи, публикации и материјали. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата и активностите на Архивот, како и да откријат интересни и релевантни книги од областа на архивистиката. Публикациите ќе се продаваат по 30 отсто намалена цена, а овој саемски попуст ќе важи и во просториите на Државниот архив – централен дел, како и во одделенијата на Државниот архив во Скопје, Велес, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово.

Во рамките на Промотивниот центар на саемот планирано е да се промовираат три најнови изданија на Државниот архив, чии автори се истакнати научници.

Промоциите ќе се одржат во следните термини:

5.5.2023 г. во 14:00 часот – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“, м-р Виктор Габер, 2022 г.

6.5.2023 г. во 10:00 часот – „Албански документи за историјата на Македонија, префектура Дебар (1941 – 1944), том I”, проф. д-р Музафер Бислими, 2022 г.

8.5.2023 г. во 13:00 часот – „Македонското прашање во документите на Коминтерната, том 2, дел 1: ВМРО (Обединета) 1925 – 1928 г., зборник на документи“, д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила и проф. д-р Владо Поповски, 2021 г.

9.5.2023 г. во 12:00 часот – „Македонското прашање во политиката на Османлиската Држава (1876 – 1909)“, доц. д-р Аднан Шериф, 2023 г.“ и „Парламентарните избори во Османлиската Држава со посебен осврт на Македонија во 1908 година, 2022 г.“

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ја укинуваат обврската за КОВИД-вакцина за меѓународните патници

Следно

Флорида воведува смртна казна за силувачи на деца

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop