Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Мојот маж“

December 1, 2023
1 min read

По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од денес до 6ти декември ќе се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува утре на 2ри декември со претставата „Мојот маж“ на режисерката Нела Витошевиќ. На текстот на Румена Бужаровска и авторските монолози драматизацијата ја направија Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска.

Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, костимограф Роза Трајчевска – Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски, асистент сценограф Моника Ангелевска, а изборот на музика е на Нела Витошевиќ.

Во претставата „Мојот маж“ улогите се доделени на актерите: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ

Драмската структура на театарската претстава „Мојот маж“ е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сè уште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.

Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сèприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвoра простор за различна театарска перспективност.

Во пресрет на ова гостување од Драмски театар Скопје потсетуваат дека со претставата „Мојот маж“ во рамките на фестивалот РУТА, театарот гостуваше на сцените на Местно гледалишче Љубљана во 2022, а во 2023 година претставата беше изведена во Подгорица и на Бриони во Хрватска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска

Следно

Најново решение за климатската криза: Да нема доволно паркинзи

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop