Драматичен говор на Макрон: Мора да се вооружиме, Европа во опасност?

March 5, 2025
1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва и се обрати на нацијата пред утрешниот самит на Европската Унија во Брисел. Оцени дека Французите се „со право загрижени“ за меѓународната ситуација. 

„Историските настани го тресат светскиот поредок бидејќи американската поддршка за Украина е неизвесна дури и кога САД се обидуваат да воведат царини за сојузниците“, рече Макрон, додавајќи дека Русија е закана за Франција, но и за цела Европа. 

За Макрон, „мирот не може да се склучи по секоја цена и под руска диктатура. Мирот не може да значи капитулација на Украина. Тоа не може да значи нејзин колапс. 

Исто така, не може да се сведе на прекин на огнот што би бил премногу кревок, рече Макрон, откако САД ја прекина испораката на воена опрема и разузнавачки информации за Киев.  

Макрон рече дека мирот во Украина „можеби бара распоредување европски сили“ кои нема да учествуваат во борбите на првата линија, туку, напротив, ќе бидат таму за да обезбедат целосно почитување на мирот кога ќе се постигне. Сакам да верувам дека Соединетите Американски Држави ќе застанат покрај нас, но мора да бидеме подготвени дури и ако тоа не е случај – рече Макрон.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Селими во 24 анализа: Македонија нема убедлива позиција, со тоа даваме впечаток дека не знаеме кај се движиме

Следно

ФИА го отфрли првиот сериозен протест на Ред Бул

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop