Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

July 27, 2026
1 min read

Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната Миа Биениеми со повеќекратни прострелни рани, објави Си-Ен-Ен.

Таа брзо била префрлена во болница и е во стабилна состојба откако ѝ била укажана прва помош.

Полицијата брзо го лоцирала Елајџа Зајон Биениеми, кој бил уапсен поради основано сомнение за сторување кривично дело, како и за употреба на огнено оружје за сторување незаконско дело. Тој моментално е во притвор.

Во меѓувреме, познатиот тренер Ерик Биениеми бил со тимот во тренинг камп во Сент Џозеф, Мисури. Тој не присуствувал на тренинг сесијата одржана во понеделник.

– Клубот е информиран за инцидентот што се случил во семејството на Биениеми. Од почит кон нивната приватност, во овој момент нема да коментираме. Нашите мисли се со нив – изјави за медиумите претставник на Канзас Сити Чифс.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски побара поддршка од Шпанија за деблокада на евроинтеграциите

Следно

Екс капитенот на Хајдук ќе игра за Гремио

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop