Дракче проговори за својата здравствена состојба и емисијата „Гответе со Дракче“: „Имаше некои шпекулации за моето здравје“

September 24, 2025
1 min read

Нашите верни гледачи сигурно забележале дека веќе подолго време емисијата „Гответе со Дракче“ нема нови епизоди, а самата Драгица Стевковска Дракче реши да ни открие кој е причината за тоа, како и дали наскоро можеме повторно да ја очекуваме на малите екрани.

Имено, неколку пати во јавноста се спомнуваше нејзината здравствена состојба, а потоа се почувствува и нејзиното отсуство од телевизијата, па таа реши да престане со молчење и да раскаже што се случило.

– Jас еве се чувствувам среќна што можам повторно да застанам на нозе, да комуницирам со, прво моето семејство, а потоа и со сите други. Да, имаше многу шпекулации. За жал, во некои се најдов и во една непријатна ситуација, гледајќи ме по болничките ходници, но се случи хаварија на коскениот систем кај мене, што за жал е една болест која што бара подолго лекување. Што значи јас не сум тотално излечена, следуваат уште една, две, можеби три или четири оперативни зафати кои што ќе следуваат. Но јас храбро стојам на нозе. Не паднав во очај, што за мене е голема радост. Пак ќе речам ја имав поддршката од семејството, поддршката од мојот народ, енергијата од Бога и еве ме повторно здрава права, да речам пред оние искушенија кои што ме чекаат и во иднина – ни кажа Дракче .

Дракче тврди дека за нејзиното здравје имало шпекулации, но дека сега се чувствува многу добро и дека со нетрпение очекува да се врати на снимање.

– Многу се радувам, бидејќи со нетрпение се очекува третата сезона. Двете сезони го освоија срцето на гледачите и мене тоа многу ме израдува. Едвај ја чекам. Се спремаме за трета сезона во која што ќе ставиме новитети. Нај исклучителна ќе биде она што ќе имаме и по некои од народот, значи учесници кои што ќе ги црпиме од народот. Оние верни гледачи. Наши верни гледачи, кои што умеат да споделуваат со мене многу рецепти, но и умеат да ги прават нашите домаќинки и домаќини и луѓе готвачи, нели, луѓе кои што си ја имаат таа професија- најави Дракче.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје станува лидер во кардиологијата – стартува Регионална школа за срцева слабост

Следно

Божиновска: Поддршка од Светска банка за намалување на енергетската сиромаштија

Latest from Blog

Мајсторија на Баена: Атлетико Мадрид победнички на стартот во новата сезона во Ла Лига!

ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/ Атлетико Мадрид – Малага 2:0 е исходот од вечерашниот меч во рамките на 1.коло во Ла Лига.Ова значи дека четата на Диего Симеоне имаше победнички старт во новата сезона 2026/27 и

Трансродна жена е осудена на шест години затвор, поради обид за убиство врз министерот за финансии на САД

Инглиш, трансродова жена од Масачусетс, беше уапсена во јануари 2025 година откако отишла во американскиот Капитол, каде што им кажала на полицајците дека имала намера да го убие Бесант на денот на

Сиљановска-Давкова со чешкиот министер Мацинка: Местото на Македонија е во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата, како што информира Сиљановска-Давкова, било

Николоски: Македонија се гради со проекти, паметни политики и инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ денес е најсилно од своето постоење и обединето како никогаш претходно, порача потпретседателот на партијата Александар Николоски по повод одбележувањето на 36 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на
Go toTop