ДПИ: Откриени ноќни клубови кои работат без лиценца, само 22 се со лиценци со важечки датум

March 18, 2025
1 min read

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) спроведе 50 контроли во угостителски објекти, вклучувајќи кабаре, ноќни клубови, дискотеки и отворени дискотеки. При инспекциите беше утврдено дека 22 објекти поседуваат важечки лиценци, додека 15 работеле со истечени дозволи. Исто така, беа откриени објекти за кои не постојат податоци дека некогаш имале лиценца.

Бидејќи угостителските објекти не работат поради деновите на жалост, ДПИ ги обезбеди потребните документи преку контакти со одговорните лица.

Во Скопје, од 13 контролирани објекти, само два имаат важечки лиценци за кабаре, осум работеле со истечени дозволи, а три воопшто немаат лиценца.

„Во Куманово има три објекти и сите со важечка лиценца за кабаре. Штип, Виница и Делчево по еден објект регистриран како кабаре, сите со лиценца со важност. Во Струмица има четири објекти – две лиценци со важност за диско клуб, една лиценца со важност за диско клуб на отворен простор и една истечена лиценца. Во Гевгелија има еден објект со лиценца со важност за диско клуб. Битола се четири објекти – три се со важност за кабаре, една лиценца со важност за диско клуб на отворен простор. Во Прилеп имаме два објекта и двата се со истечена лиценца. Кавадарци еден објект со лиценца со важност, Неготино еден објект со истечена лиценца. Во Велес еден со важност за кабаре, Охрид четири објекти – две лиценци со важност, една лиценца за диско клуб, еден објект е без лиценца. Кичево еден објект со важност за кабаре, Гостивар имаме еден објект со истечена лиценца, во Тетово шест објекти од кои за четири нема податок, а два се со истечена лиценца“ изјави владината портпаролка Марија Митева.

Денеска ДПИ изврши дополнителни контроли на 22-те објекти со важечки лиценци, заедно со други надлежни институции, со цел да се утврди дали ги исполнуваат минималните технички услови за добивање лиценца. За резултатите од овие проверки јавноста ќе биде дополнително информирана.

За објектите со истечени или непостоечки лиценци, ДПИ донесе одлука за забрана на работа сè додека не се обезбедат сите потребни документи и не се потврди исполнувањето на минималните технички услови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Митева: Само 22 важечки лиценци на цела држава, ДПИ со забрана за вршење должност на сите субјекти без важечка лиценца

Следно

ВИДЕО: Се палат свеќи на скопскиот плоштад во оддавање почит на загинатите во Кочани

Latest from Blog

Отворени се сите избирачки места во трите општини во Југоистокот каде се избира градоначалник во втор круг

Сите избирачки места во трите општини во Југоистокот-Валандово, Конче и Дојран се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во овие општини имаат вкупно 16 366 граѓани, кои треба да

Ново Мексико е првата американска држава, каде ќе има бесплатна грижа за децата

Според новата програма, семејствата можат да добијат владини ваучери за да помогнат во покривањето на трошоците за грижа за децата, без разлика дали се во јавни или приватни институции, објави Ројтерс. Мерката

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку
Go toTop