Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за посебно јавно признание за наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ од Белград Татјана Стевановиќ, како израз на поддршка и почит за нејзината лична храброст кога таа била повредена во масовното пукање на 3 мај 2023 година, објави српски Телеграф.

Иницијативата за доделување вакво признание на наставничката Татјана Стевановиќ ја покрена група наставници и ученици од ОУ „Владислав Рибникар“, за што беа собрани повеќе од 13.000 потписи на граѓани за исклучителниот и единствен случај на доделување на јавно признание во форма на доживотен месечен надомест, и дека предложената мерка достигна размери кои имаат општо значење, Владата на Србија одлучила да ја прифати оваа иницијатива, која доаѓа од образовниот систем и е широко поддржана меѓу граѓаните.

Од Владата објавија дека масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ е случај кој продолжува да ја тресе јавноста, дека бара реакција од државата во повеќе правци, дека прифаќањето на поднесената иницијатива е начин за олеснување на материјалната состојба на ранетата наставничка, откако беше тешко ранета и со последици кои ќе ги трпи до крајот на животот, но и можност преку оваа мерка да се покаже солидарност и емпатија.

Идејата дека ранетата наставничка по историја треба да добие некаков паричен надоместок, како додаток на месечните примања, кои би биле постојани, до крајот на животот, кој не е пренослив, но е редовен и кој би се исплаќал секој месец, а е во согласност со растот на трошоците, беше поддржан од Сојузот на независни синдикати на Белград.