Донација на Пекабеско за Детската клиника

January 10, 2025
1 min read

Со оваа најнова донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

 

Ова не е прва донација која Пекабеско ја прави во здравството. Како општествено одговорна компанија донираме во континуитет и тоа секогаш кога е неопходно со цел да ја покажеме нашата поддршка кон докторите и медицинскиот персонал. Оваа година Пекабеско слави значаен јубилеј – 45 години од постоењето и под мотото ‘децата се нашето најголемо богатство’ одлучивме финансиските средства кои беа планирани за организирање на прослава да ги пренамениме за набавка на медицински апарати за потребите на Детската клиника во Скопје. Во соработка со Министерството за здравство и Детската клиника беа одредени приоритетните медицински апарати и сум посебно горд што за еден месец беше реализирана целокупната донација и веќе овие медицински апарати се на услуги на сите на кои им се неопходни.“, изјави Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Режимот на Асад ја претвори Сирија во фарма за производство на дрога

Следно

Во Грција пристигна и последниот Рафал со што се комплетираше нарачката од 24 француски воени авиони

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop