Домашните и странските туристи уживаат во панорамскиот поглед над Кападокија со балоните на топол воздух

July 14, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Домашните и странските туристи кои го избраа културниот туризам за време на летните одмори имаа можност да го доживеат регионот на Кападокија во Турција од воздух, учествувајќи во популарните тури со балони на топол воздух, јавува Анадолу.

Кападокија, прогласена за светско културно наследство од УНЕСКО, продолжува да го привлекува вниманието на домашните и меѓународните туристи со своите уникатни самовилски оџаци, подземни градови, живописни долини, карпести манастири, цркви и светилишта, како и со разните туристички активности.

Туристите кои ја посетуваат Кападокија имаат можност да уживаат во панорамскиот поглед на пејзажот, токму преку лет со балон на топол воздух – симбол на Кападокија.

Десетици балони утринава се издигнаа над долините, создавајќи магична глетка над самовилските оџаци.

Мустафа Ерим Рустемоглу, еден од учесниците во турата, за Анадолу рече дека тој и неговото семејство се среќни што можат да ја набљудуваат Кападокија од воздух. „Тоа е прекрасно искуство. Воздухот овде е неверојатен. Погледот од балоните е прекрасен“, рече тој.

Австралиецот Брајан Блек рече дека ја избрал Турција за својот одмор откако видел фотографии од Кападокија.

Тој рече два дена ги разгледувал туристичките атракции во регионот, додавајќи: „Навистина ми се допадна Кападокија. Да се биде дел од турнејата со балони на топол воздух е особено возбудливо“.

Германската туристка Херта Остермаер, која е дојдена во Кападокија со група пријатели, рече дека геолошката структура на регионот веднаш ѝ го привлекла вниманието. „Ова е многу убаво место. Сакавме да го поминеме нашиот одмор тука оваа година. Се придруживме на турата со балони затоа што сакавме да го истражиме регионот“, рече Остермаер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Десетици Палестинци убиени во израелските напади низ Газа, меѓу кои 10 носејќи вода

Следно

Која е Турската „Казанџи груп“ која планира да носи гасна револуција: милијарда евра за нови когенерациски централи во Македонија

Latest from Blog

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати

Халанд има необичното хоби кое чини над 750 илјади евра

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изгради своја колекција луксузни чанти, кои нормално почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите. Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти Хермес,
Go toTop