ДОМАШНА КОЦКА ЗА СУПА: Подготвката е едноставна

April 10, 2024
1 min read

За овој едноставен, но и многу корисен рецепт потребно ви се следниве состојки.

Состојки:
3 моркови
1 праз
2 пашканат
2 корени магдонос
1 кромид
2 чешниња лук
1/2 келераба
1/2 целер
лисја од целер
1 лажичка куркума
1 китка магдонос
масло
80 гр сол

Подготовка:

Во сад се ставаат излупениот, ситно сечкан морков, сечканиот праз, пашканатот, коренот од магдонос, кромидот и лукот, келерабата, целерот и листовите целер. Во тава со загреано масло ставете го сечканиот зеленчук, па посолете и посипете куркума. Откако зеленчукот ќе го ослободи сокот, варете уште 8 минути. Потоа ставете го зеленчукот во блендер и исечкајте го. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и израмнете ја. Покријте со проѕирна фолија и оставете преку ноќ во замрзнувач. Исечете ги коцките и секоја завиткајте ја во проѕирна фолија. Чувајте во замрзнувач до употреба.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мили отвори клуб за свој мерак: Композиторот сам пушташе музика, еве колку и кои гости дојдоа (ФОТО)

Следно

Ѓоковиќ: Олимписките игри ми се приоритет, сакам да го играм најдобриот тенис во лето

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop