Домаќинствата во Европа се мачат да ги платат сметките поради зголемените трошоци за живот

February 28, 2023
1 min read

Започна со енергијата, но кризата со зголемените трошоци за живот сега се прошири на сите сектори и ја погодува цела Европа и пошироко.

Проблемот има многу компоненти, но онаа што најмногу ги засега политичките лидери и најмногу влијае врз домаќинствата е инфлацијата и растот на цените на храната.

Во февруари цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво во последните 18 месеци, но цените на храната го продолжуваат нагорниот тренд.

„Кога зборуваме за цените на енергијата наспроти трошоците за храна, постои ефект на „доцнење“ што треба да го земеме предвид“, објаснува Рик Де Оливеира, енергетски аналитичар во ТЕЛФ АГ.

„Овие пониски цени на енергијата што ги имаме во моментов треба да се претворат во пониски трошоци за производство на храна за да ја видиме цената (разликата). На пример, цените што ги гледаме денес во супермаркетите – ги одразуваат цените на енергијата пред шест месеци, кога храната е произведена. Така, веруваме дека за околу шест месеци ќе забележиме пад на цените на храната ако се стабилизираат цените на енергијата“.

Во јануари цените на храната во Европската унија пораснаа во просек за 18,4 отсто во споредба со претходната година.

Унгарија е „шампион“ во поскапувањата на храната (48,2%), следена од Литванија (32%) и Словачка (28,6%).

Најмали поскапувања се забележани во Швајцарија (5,8%) и Кипар (10,3%).

„Сметаме дека довербата на потрошувачите дефинитивно ќе се подобри кон крајот на 2023 година, но ќе биде потребно многу подолго за да се реши кризата за трошоците на животот“, предвидува Де Оливеира.

Влијанието на кризата со трошоците на животот е најсериозната закана за глобалната заедница според Извештајот за ризик од 2023 година на Светскиот економски форум.

Цените на храната растат, ја зголемуваат несигурноста и ги зголемуваат социјалните тензии. Тие, исто така, ги оптоваруваат буџетите на владите кои се борат со зголемените сметки за увоз на храна и намалениот капацитет за финансирање дополнителна социјална заштита за најранливите.

Се разбира, војната во Украина исто така придонесе за ескалирање на проблемот. Руската инвазија ја зголеми цената на житото и другите основни производи на рекордно ниво.

Зголемувањето на каматните стапки го намали притисокот врз цените, но набљудувачите велат дека временските услови, војната и материјалните трошоци би можеле да ги одржуваат цените на храната покачени подолго време.

Кризата доведе до улични протести во многу европски земји и штрајкови во други, како што е Велика Британија, каде вработените во јавниот сектор се во расправија со владата за платите и условите за работа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ го објави целиот предлог-договор за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија

Следно

МАКЕДОНИЈА ИМА НОВ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО – кој е Фатмир Меџити?

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop