Домаќинките засукаа ракави и се фатија за сукалото, продавниците за бела техника „бомбардираат“ со реклами за поевтини апарати за леб

March 2, 2023
2 mins read

Граѓаните бараат алтернатива, а продавниците за бела техника начекаа можност да рекламираат и да продаваат апарати за печење леб. На социјалните мрежи вчера и денес масовно се споделуваат рецепти за домашен, месен леб, а домаќинките кои биле највредни, не пропуштија да се пофалат со своите вештини на Фејсбук

Продавниците и маркетите и денеска останаа без леб. Пекарите и понатаму се одлучни да не дистрибуираат никаков леб откако Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари.

Граѓаните бараат алтернатива, а продавниците за бела техника начекаа можност да рекламираат и да продаваат апарати за печење леб.

На социјалните мрежи вчера и денеска масовно се споделуваат рецепти за домашен, месен леб, а домаќинките кои биле највредни, не пропуштија да се пофалат со своите вештини на Фејсбук.

„Маката ме натера и првиот леб да го замесам, па да се пофалам, ајде, домаќинки да засукаме ракави, ем поевтино, ем повкусно, меко како душа, со ајварче како оди“,

се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Продавниците за бела техника, пак, од вчера ги ставија на акција апаратите за месење и печење леб.

„Месењето леб никогаш не било полесно и поевтино, уживај во вкусот на тазе приготвен леб“,

се вели во рекламите упатени до граѓаните.

„360 степени“ праша во „Техномаркет“ дали од вчера е зголемен интересот за апаратите за леб, односно дали граѓаните „навалија“ на овие апарати поради штрајкот на пекарите.

„Како и за сите акции, така и за оваа, кога се рекламира некој производ, нормално е да се зголемува интересот. Околу другите околности, заклучокот може да го изведете сами“,

ни одговорија од „Техномаркет“.

Според нашите информации, утринава леб во Скопје дистрибуирала само една тетовска пекарница. Леб можеше да се најде и во дел од приватните пекарници, пред кои граѓаните чекаа во редици.

Фото: Фејсбук

Како е во другите градови низ Македонија?

Помалите штипски пекарници, како што јави Сител, ја намалија цената на лебот и тој се продава за 3 денари помалку од законскиот минимум, а рафтовите во пекарниците се полни.

„Лебот се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Немаме проблем со производство и со дистрибуција на леб. Ние не се придржуваме кон заканите бидејќи мора да произведуваме за Штип и околината“,

изјави Николче Малинов, сопственик на пекарница.

Леб има и во Кочани.

Според нашите информации, леб по намалена цена има и во Гевгелија и во Охрид.

Втор ден по ред како полиците за леб во маркетите останаа празни.

Откако Владата одлучи да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, пекарите останаа доследни на својата одлука и од вчера не испорачуваат леб во маркетите и во помалите продавници.

Во изјава за МИА, претставници од пекарската индустрија посочија дека замрзнувањето на цената на лебот се коси со уставното право за слобода на пазарот и велат оти се подготвени за разговор со надлежните институции, но само доколку добијат официјална покана, а не повик или апел упатен од прес-конференција.

„Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова ѝ се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив“,

потенцира во разговор за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

10 „факти“ што ги верглаа ковид експертите кои излегоа дека се неточни

Следно

Азербејџанецот кој инспирира милиони за помош на жртвите од земјотресот во Туркије се сретна со претседателот Ердоган

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop