Доколку се спроведат уставните измени, нема да има можност за вето, вели евроамбасадорот Дејвид Гир

July 14, 2023
1 min read

Во С Македонија има голема полазирација меѓу политичките партии. Иако речиси сите политички партии јавно и отворено кажуваат дека се посветени на евроинтеграцискиот пат на земјава, во реалноста, доколку го видиме законодавството, можеме да кажеме дека таа соработка и посветеност, не ја гледаме, рече евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА

Уставните измени и нивното спроведување се од голема важност за земјава кога станува збор за продолжување на европскиот пат. Доколку тие се спроведат, тогаш следниот чекор ќе се случи автоматски, без можност за вето у дополнителни одлуки, вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

Тој воедно вели дека иако во земјава, голем број од политичките партии јавно кажуваат дека се посветени на трасирање на европскиот пат за С Македонија, сепак во пракса се забележува поинава слика. Како пример го даде законодавството, чија реформа е една од најважните точки за понатамошен напредок на земјава, таму вели – Европската унија не гледа практична соработка.

“За да се дојде до компромис за уставните измени, треба да се промени духот на дијалогот, за да се оди напред не само за уставните измени, туку и за реформите”,

рече Гир за МИА.

Втора важна точка за уставните измени според Гир е дека кога конечниот текст ќе биде објавен, би било потребно да има отворена дебата и сите политичари тогаш би требало да ги стават државните интереси на прво место, да го видат конечниот текст и да се уверат што точно се предлага.

“Доколку, како што очекуваме, се работи за вметнување на луѓе што се декларираат како Бугари во Уставот, тогаш ќе стане експлицитно она што веќе е имплицитно во самиот Устав и тоа би претставувало понатамошно јакнење на веќе доброто досие на земјата поврзано со меѓуетничките односи”,

кажа Гир.

Тој рече дека лично не гледа дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е спротивно на националниот интерес или пак закана по идентитетот на земјата, но овие одлуки, сепак, треба да ги донесе самата земја.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пригожин ја одбил понудата на Путин за интегрирање на членовите на „Вагнер“ во руската армија

Следно

Албанската полиција запленила оружје и муниција кое требало да биде пренесено во Македонија

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop