Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун

November 24, 2025
1 min read

Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорот на Сити колеџот во Солун Јанис Верверидис, денес на 20 македонски граѓани им ги доделија стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Европски кампус на Универзитетот Јорк – Сити колеџ во Солун.

На свеченоста организирана по овој повод, министерката Јаневска потсети дека традицијата на доделувањето на стипендиите во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски трае веќе 22 години и дека и овој пат очекува да се создаде нова генерација постдипломци на реномирана високообразовна установа, кои ќе го зајакнат кадровскиот потенцијал на државата и ќе придонесат кон нејзиниот развој.

-Веруваме во ваш успех, бидејќи сите вие дотука не сте стигнати без доволно ентузијазам и труд. Па така, оваа стипендија доаѓа како признание на вашата упорност, талентот и потенцијалот што го носите во себе. Таа е поттик да продолжите да чекорите храбро напред, да истражувате, создавате, учите и да ги поминувате границите на можностите, рече Јаневска.

Министерката ги советуваше стипендистите да не забораваат од каде потекнуваат и кој ги поддржал за да ја остварат целта и да стекнат двојна диплома со потпис на Универзитетот Јорк и на Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур.

-Сетете се дека ве поддржа вашата земја Македонија и возвратете и’ вложувајќи го знаењето во неа. Затоа што, кога знаењето го вложувате во татковината, не градите само поубава земја, туку градите и поубава иднина за вас, за нас и за сите оние што ќе дојдат по нас, рече Јаневска.

Студиите се реализираат во Солун, Грција, со студиски посети на Универзитетот Јорк во Обединето Кралство и на Универзитетот во Стразбур, Франција. Средствата за уписнина ги обезбедуваат по половина износ Владата на Македонија, преку Министерство за образование и наука и Сити колеџот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеп се извини за своето однесување: Се чувствувам засрамено

Следно

ВИДЕО: Тоалет падна од мост во Шпанија, се распрсна на парчиња

Latest from Blog

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство?

фото: Megatron (X) Како што се приближува Светското првенство, тензиите во фудбалскиот свет растат поради ситуација што може сериозно да го загрози натпреварувањето. Учеството на Иран стана многу под знак прашалник откако
Go toTop