Додека СДС тоне во хаос а Филипче е во Дубаи по инструкции од Заев

December 31, 2025
2 mins read

Филипче без реформи во СДС и без одговори за златната виза замина во Дубаи по нови инструкции од менторот Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека јавноста чека одговори за инвестициите на Заев за 42 катницата во Дубаи и градежните зафати и златната виза на Филипче, тие се луксузираат низ Дубаи со парите на граѓаните кои ги украдоа за време на 7 годишното владеење.

По пустошот кој го остави СДС и ДУИ во државата, ВМРО-ДПМНЕ најпрво успеа да ја застане државата на нозе и да ја стабилизира економијата.

Во изминатата година, македонските граѓани направија вистински избор и во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено работат за подобрување на животот. На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ беше апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје.

Дополнително, локалните избори беа значајни и поради фактот што во општини како Кичево, Карпош и Струга со победата на ВМРО-ДПМНЕ се случија историски промени.

Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони“, потенцираат во соопштението.

„И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата СДС до оваа состојба во која се наоѓа денес.

ДУИ ги изгуби локалните избори а Али Ахмети е пред политичка пензија што претставува крај на една политичка ера.

Заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад.

СДС не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, а партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика.

Филипче слепо ја следи агендата на Заев игнорирајќи го членството и потребата од реформи во партијата.

Додека СДС тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија“, додаваат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ покажа како се води грижа и се работи во интерес на сите. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа конкретни економски резултати, раст на платите, повисоки пензии за 7.000 денари и континуиран раст на индустриското производство.

Со СДС и ДУИ на власт инфлацијата беше над 20%, сега таа е во рамките на нормалата со ЕУ земјите. Се зголемија платите во образованието, здравството, културата, полиција, социјала и администрација. Како никогаш досега, се зголемија пензиите за разлика од времето на СДС кога се зголемуваа по 150 денари.

Се инвестира во енергетиката, се градат нови патишта, се воведоа комплетно нови авиолинии, Македонија се поврзува и станува се подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зголемување на животниот стандард на сите, студентите добија 250 евра ваучер за електронски уред, мерка која опфати околу 55.000 студенти.

Имаме раст на платите во образованието за над 12 проценти, нови училишта, спортски сали, изградба на факултетски објекти и зголемени стипендии. Буџетот за наука во 2025 година беше двојно повеќе во споредба со 2024 година. Обезбедени беа 274 милиони денари за финансирање на иновативни научно – истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, МАНУ и компаниите кои соработуваат со академската и научната фела“, нотираат во партиското соопштение.

„Се воспостави механизам за континуиран раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи, кои во мандатот ќе се зголемат до над 40% и се зголеми капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градење на подобра иднина за граѓаните и повисок животен стандард.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата со корупцијата и криминалот како и воспоставување на правна држава и владеење на правото“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КАКО СЕ ПРАВИ НЕПРОБОЈНО СТАКЛО ЗА АВТОМОБИЛИ и како се разликува од обичното

Следно

Дневен хороскоп за последниот ден од годинава

Latest from Blog

Меџити: Чаир добива четирилентен булевар со зелени појаси и велосипедски патеки

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргјиевски, денес беа на терен за да го најават почетокот на реализацијата на булеварот „Митхат Фрашери“ во Чаир. Проектот

НЕМА КРАЈ НА ТРАНСАТЛАНСКАТА ЕРА, тоа не е цел на САД, не се дистанцираме од Европа, сакаме да биде посилна

Државниот секретар на САД Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство. „Сакаме Европа да

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки

Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана

Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров. Станува збор за една од најбрзите и најмасовни
Go toTop