Додека Мицкоски се фали дека постигнал договор за стратешко парнтерство со Велика Британија, „Дејли Мејл“ ја посочува како земја за мигрантски кампови

May 16, 2025
1 min read

Додека премирот Христијан Мицкоски се фали дека постигнал договофр за стратешо парнтерство со Велика Британија, британскиот весник „Дејли Мејл“, објави дека е можно на македонска територија да „никне“ камп за мигранти.

Мицкоски од Тирана преку својот фб порача, дека средбата која денеска ја остварил со британскиот премиер, Кир Стармер е „Историски ден за Македонија“, бидејќи била постигната согланост за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

„Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство. Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка. Самиот договор се преговараше повеќе месеци помеѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области“, наведува Мицкоски.

Двајцата премиери во изјавите на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

Договорот го оценува како нова перспектива за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени.

„Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство. Со потпишувањето на договорот, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици“

И додека Мицкоски преферира позитивни зборови за Договоро, со Велика Британија, британскиот „Дејли Мејл“ објави дека албанскиот премиер Еди Рама го одбил британскиот премиер Кир Стармер за градење на камп за мигранти, односно лица кои Велика Британија ги одбила за азил или сака да ги депортира.

Сепак, на заедничката прес-конференција Рама рече: „Уште од првиот ден кога го започнавме овој процес со Италија, бев многу јасен дека ова беше единствен случај со Италија поради нашите многу блиски односи, но и поради географската положба, што има многу смисла.“

Стармер одби да ги именува можните земји кои би ги прифатиле мигрантите од Обединетото Кралство, но Дејли Мејл ги споменува Србија, Босна и Македонија.

Од Владата велат дека договорот се преговарал повеќе месеци a детали ќе објавеле многу скоро.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Турција е носител на хуманитарната и мировната дипломатија во светот“

Следно

Меѓународна Конференција за решение со две држави за идниот месец, потврди Арапската лига

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop