Доаѓа студен бран со врнежи од снег

February 16, 2025
1 min read

Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од државава, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Преку денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд, кои повремено ќе преминуваат во снег. Слаб снег ќе има и во текот на ноќта понекаде во планинските региони.

-Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.  Дневните температури ќе бидат за 3 до 5 степени пониски, соопшти УХМР.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува.

-Од овие врнежи постојната снежна покривка ќе се прошири, особено на северозапад, и потоа и на исток и понекаде и на повисоките места. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време, со ниски утрински температури, прогнозира УХМР. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама: Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ, тоа е шанса Европа да се разбуди

Следно

Гузоњин син vs. Генерација З

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop