По денешниот релативно облачен, но топол ден веќе од утре следуваат повисоки температури и повеќе сонце.
Утрешните температури се прогнозираат на максимални 30 степени. Четвртокот ќе донесе вистинско лето.
Во некои делови од земјава максималните дневни температури ќе се искачат и до 33 степени. Речиси исто време со многу сонце очекуваме и во петок.
Температурите исто така се прогнозираат на високи 33 степени што е невообичаена температура за крајот на септември. Благо наоблачување ќе има во сабота, но тоа нема да ги спушти температурите кои и натаму ќе останат како во деновите од средината на летото.
Веќе во недела се најавува поголема облачност која во попладневните часови ќе донесе услови за врнежи од дожд. Температурите се очекува да се спуштат под 25 степени.
За идната недела се најавува нова дестабилизација, а понеделник се очекува да биде еден од постудените денови во септември.
ИЗВОР: kurir.mk