До унгарскиот кредит и екс политичари кои градат централи

January 20, 2025
1 min read

Поранешните политичари ќе можат да дојдат до дел од унгарските 250 милиони евра наменети за компаниите. Петокот на 17 јануари Владата го измени заклучокот од крајот на ноември минатата година, со што видни играчи во енергетскиот сектор кои градат мали хидроцентрали и фотоволтаици меѓу кои се добар дел од фамилијата Заеви, синот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот вицепремиер за економија Кочо Анѓушев, братот на лидерот на СДСМ Венко Филипче, поранешниот премиер Димитар Ковачевски, ќе може да конкурираат за овие пари.

Владата на петочната седница дозволи унгарските пари да се користат и за обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија. Во стариот, веќе сменет ноемвриски заклучок, стоеше дека овие енергетски капацитети може да бидат само за сопствените производствени капацитети.

Оваа мала измена на прв поглед, е добра за Стопанската комора на Македонија чија основна цел е да ги штити интересите на нејзините членки.

„Па да, се забавуваше, ама ние бевме упорни во тоа и го добивме токму тоа што го баравме со преговорите кои што беа макотрпни, но постојано и континуирано успеавме да го добиеме тоа што беше потребно за нашите компании. Значи сите да имаат можност да конкурираат и да можат да го користат кредитот доколку ги исполнат критериумите“, изјави Наташа Јаневска од Стопанска комора.

Инаку, во стопанската комора постои Македонска енергетска асоцијација која се грижи за унапредување на работењето и развојот на фирмите од областа на енергетиката, чиј претседател е Кочо Анѓушев, а имаат и Групација за обновливи извори на енергија.

Компаниите кои ќе ги добијат унгарските пари, кон банките ќе треба да го вратат кредитот кој може да биде до 10 милиони евра со 20 отсто сопствено учество, со грејс период до три години, отплата до 15 години и камата од 1,95 отсто годишно, која останува кај комерцијалните банки. Граѓаните пак од сопствен џеб ќе ја платат каматата од 3,25 отсто кон Унгарија во висина од 122 милиони евра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Данела ја предизвика власта побрзо да го донесе Законот за локална самоуправа, со кој ќе се отповикуваат градоначалници

Следно

Трамп положи заклетва за својот втор мандат како американски претседател

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop