На веб страницата на ДИК е објавено дека излезноста до 17 часот за вториот круг претседателски избори била 39%, а за парламентарните избори била 46%. Оттука, речиси е извесно дека цензусот ќе биде исполнет до затворањето на гласачките места во 19 часот.
Излезност на парламентарни избори по изборни единици:
ИЕ 1 – 51%
ИЕ 2 – 45%
ИЕ 3 – 49%
ИЕ 4 – 48%
ИЕ 5 – 44%
ИЕ 6 – 36%
Најниска излезност на претседателски избори до 17 часот има во општините Липково – 6,48%, додека најголема излезност има во Новаци 66,47 % и Крива Паланка 66.17%.
Извор: 24vesti.mk