Дневен хороскоп за недела, 18-ти февруари 2024-та

February 18, 2024
2 mins read

ОВЕН

Очекувајте заработка која ќе ги налути вашите пријатели. Презафатени сте со работа, а колегите тешко дека ќе го издржат притисокот. Попладне ќе бидете оставени сами да ги собирате плодовите од успехот. Избегнувајте контакти поради опасност од кавга со непознати лица и создавање напнатост во врската. Очекувајте одлични финансиски приноси.

БИК

За вас денеска е од големо значење да си наметнете смиреност доколку сакате работите да се одвиваат според планот. Така самите си гарантирате успех во вашите потфати и при водење разговори за соработка и ќе добиете признание. Во материјалната сфера, успехот ќе ве следи. Признанието и приходите ќе ве задоволат и целосно ќе ви ја вратат самодовербата.

БЛИЗНАЦИ

Искреноста и довербата ви пречат да осознаете дека околу вас има и непријатели. Почетоците нема да ви го донесат очекуваниот успех. Сметајте на поддршка од влијателни партнери. Завршувањето на итни и долго започнати задачи ќе ви донесе признание и добри приходи. Избегнувајте проблеми на работното место со разум, такт и трпение.

РАК

Обновете ја нарушената деловна врска ако сте направиле грешка и дури сега ја сфаќате. Внимателноста денеска ви помага да ги избегнете тешкотиите. Ако имате важен состанок, направете го тоа до пладне. Попладне ќе ви биде тешко да ја донесете вистинската одлука. Можни се разочарувања доколку имате премногу доверба.

ЛАВ

Вашите односи на работното меесто се причина за напнатост. Не одбивајте понуда за дополнителна работа која ќе ви донесе добар профит. Ќе добиете известување од владина институција што ќе ве задоволи. Задолжителната анализа на досега завршените задачи е во ваша полза. Вашата способност да се справите со должностите ќе ви донесе приход.

ДЕВИЦА

Стабилизирајте го она што сте го постигнале на работното место, особено ако тоа е поврзано со вашата финансиска состојба. Анализирајте ги вашите нови планови со прецизни детали. Пазете се од интригите на вашиот колега. Ако работите во банкарство и финансии, не потпишувајте финансиски документи. Даночните документи ви прават проблеми.

ВАГА

Под влијание на емоциите ќе правите грешки на работа. Не се вклучувајте во ризичен договор само затоа што тоа ви го нуди ваш пријател. Одложените задачи бараат веднаш да се справите со нив, дури и ако работите од дома. Очекувате финансиски приходи, но непредвидените трошоци ќе изедат дел од заработката. Можете да ги избегнете.

СКОРПИЈА

Не се впуштајте во расправијата меѓу вашите колегите, тоа е бесмислено. Не можете да им помогнете да го надминат егото. Да престанат и бесполезно си упатуваат навредливи зборови – е право на личен избор. Вашите задачи бараат целосна концентрација, така што успехот ќе ве следи и ќе бидете задоволни со постигнатото. Биди спокојни. На деловните состаноци бидете исклучително тактични дури и доколку комуницирате преку месинџер.

СТРЕЛЕЦ

Заштитете ги вашите интереси, дури и ако се наложува да ги докажувате туѓите пропусти. Вашата желба за промена е зголемена, но може да има непредвидливи последици доколку избрзувате. Подгответе се за патување во странство. Конфликтот со менаџментот е неизбежен доколку се расправате и сакате да го одбиете, но во проблематичната средина тие самите ќе го одложат.

ЈАРЕЦ

Склони сте кон склучувања познанства, кои можат толку многу да ве опседнат што ќе заборавите на професионалните обврски. Бидете одговорни пред себеси. Не ризикувајте! Бидете трпеливи и молчете пред колегите, особено ако тие одлучиле дека денешниот ден не им оди добро и бараат оправдување кај другите. Доколку не го сторите тоа, ве чекаат проблеми на работното место.

ВОДОЛИЈА

На големо изненадување на колегите, ќе се справите со тешкотиите кои ја блокираат нивната работа и ве спречуваат навреме да ги добиете очекуваните финансиски приходи, а ви се потребни. Не ве советуваме да патувате. На работното место не бидете премногу упорни и инаетливи и прифатете ги критиките од менаџментот, дури и доколку не се конструктивни.

РИБИ

Напорите ви носат успех и признание ако имате на кого да се потпрете. Не се расправајте со вашите соработници и не им докажувајте дека сте во право со нив откако ќе одбијат да ги слушнат вашите аргументи за неприфаќањето да ги поддржите. Не започнувајте импулсивно нови задачи на работното место, доколку тие се важни за вашиот иден професионален успех, за да не пропаднете.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија и Франција заедно за организација на СП 2029 и 2031

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се во „домашен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop