Дневен хороскоп – Недела, 5-ти октомври 2025-та година

October 5, 2025
2 mins read

ОВЕН
Денеска може да почувствувате силна потреба да добиете поддршка од најблиските – вашата сакана личност, родителите и децата. Желни сте да зборувате за вашите чувства и да побарате помош доколку е потребно. Ако односите дома се понапнати, бидете внимателни, бидејќи постои ризик да го изгубите трпението.

БИК
Денеска најдобро ќе ви оди ако ја следите вашата инспирација и поминете повеќе време на пријатни активности – без разлика дали станува збор за работа или хоби. Оние од вас кои имаат претстоен настап ќе имаат можност да го покажат својот максимум. Одличен ден за посета на кино, како и за јога и медитација.

БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе се чувствувате инспирирани да создавате, но ќе ви биде малку потешко да се организирате кога станува збор за рутински задачи. Некои од вас ќе бидат во романтично расположение и ќе сакаат да поминуваат повеќе време со партнерот. Можеби ќе мора да направите компромис за да му угодите на член од семејството.

РАК
Денеска за да направите нешто што сакате, можеби ќе добиете поддршка од вашиот партнер и друга блиска личност. Не бидете премногу горди и прифатете ја помошта – ја заслужувате. Ако сонувате за нова љубов, не останувајте дома и не одбивајте покана за собир каде што можете да запознаете нови луѓе.

ЛАВ
Не ја оставајте вашата работа недовршена денеска, особено ако е нешто што би можело да ви донесе пари. Денот ќе биде особено поволен за уметниците и оние кои применуваат креативен пристап кон својата работа. Службените патувања, исто така, ќе бидат многу плодни.

ДЕВИЦА
Денеска можете успешно да се ослободите од нешто што повеќе не ви е потребно – не само материјално, туку и од навика, став или потиснати емоции. За да го искористите денот максимално, одвојте време за помирни активности – на пример, прошетка во природа или медитација. Креативните активности лесно ќе ви дојдат и не е изненадувачки што ќе ви текне нова идеја.

ВАГА
Доколку денеска се појават искри во комуникацијата со колега или шеф, немојте да бидете агресивни или дефанзивни, туку искрено и смирено споделете го она што го сакате и што ви е потребно. Вашата добронамерност и мирољубива природа можат да ја свртат ситуацијата, па дури и да ја скротат агресијата на другата личност.

ШКОРПИЈА
Денеска вашето внимание веројатно ќе биде насочено кон иднината – ќе размислувате за претстоен настан или едноставно ќе правите планови. Доколку денеска чувствувате потреба од поддршка, обратете се на близок пријател – тој ќе ви ја даде. Денот создава одлични услови за тимска работа.

СТРЕЛЕЦ
Денеска ќе ве совлада желбата да размислите малку повеќе за себеси и да го правите она што ви е при срце. Ќе ви биде тешко да се преправате дека сте некој што не сте. Дозволете им на луѓето да ја видат вашата вистинска природа – така ќе знаете кој навистина ве сака, а кој е привлечен само од надворешноста.

ЈАРЕЦ
И денеска ќе се соочите со предизвик на професионален план. Вашиот шеф може да ве критикува, да не се согласува со вас или едноставно може да чувствувате дека сè што правите наидува на пречка. А доколку една врата не се отвори, размислете дали тропате на вистинската.

ВОДОЛИЈА
Денешниор ден е поволен за вашите односи со другите: ќе барате друштво во забавата и соработка во работата. Сепак, размислете малку повеќе пред да зборувате, бидејќи постои ризик да навредите некого со вашите зборови. Денот е многу погоден за водење деловни преговори и најверојатно ќе имате интересни состаноци.

РИБИ
Бидете повнимателни денеска ако треба да купите нешто или да преземете активности поврзани со вашите финансии. Не преземајте непотребни ризици, внимавајте на измамниците и не им верувајте на луѓето кои ви ветуваат дека можете да заработите многу пари без да инвестирате ништо.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

Следно

Сирија го назначи првиот парламент во пост-Асадовата ера

Latest from Blog

Биткоинот сруши историски рекорд

Биткоинот надмина 125.000 долари за прв пат по 17 години, соборувајќи историски рекорд. Цената на најголемата криптовалута скокна на нов рекорд за време на азиското тргување, со промет од речиси 50 милијарди

МОН: Означен почетокот на кампањата насловена „Магијата е во знаењето“

Со старт на кампања за подигнување на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството, Министерството за образование и наука го одбележува 5 Октомври – Светскиот

Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор што го имал со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска-Давкова пишува државната
Go toTop