Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

October 5, 2025
1 min read

Република Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор што го имал со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска-Давкова пишува државната информативна агенција на Бугарија, БТА.

„Ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за искажаната подготвеност на Македонија да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофата“, вели шефот на бугарската држава.

Разговорот меѓу двајцата претседатели доаѓа во период кога Бугарија се соочува со интензивни дождови и поплави кои зафатија голем број области во земјата, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените подрачја е ограничен.

Поплавите, според последните информации што ги пренесуваат бугарските медиуми, однесоа четири животи.

Активностите за итни случаи продолжуваат, а волонтери, воени и социјални екипи работат на расчистување на патиштата, обезбедување на безбедноста на населението и враќање на нормалниот ритам на животот.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ ќе стане европски пример за управување со отпад

Следно

Дневен хороскоп – Недела, 5-ти октомври 2025-та година

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop