Дневен хороскоп: Близнаците ќе забележат додворување од драга личност, а овенот ќе биде доследен

April 18, 2024
2 mins read

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ги дефинирате своите љубовни очекувања. Ќе се обидете да бидете доследни и покрај искушенијата.

Кариера

Конечно ќе сфатите како да заработите повеќе пари, а се појавува и добра можност за тоа да го остварите.

Здравје и совет

Можна е преодна несоница.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска лесно ќе воспоставувате контакти, а и денот е добар за тоа. Ако сте сами, излезете на кафе.

Кариера

Ќе размислувате дали да смените еден метод во работењето или пак да го смените целиот процес. И тука ги ширите контактите.

Здравје и совет

Излезете меѓу луѓе.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои ќе го фаќаат последниот воз за да се додворувата на една личност која исклучително им е драга.

Кариера

По мало надмудрување со спонзорите, ќе успеете да постигнете каков- таков договор.

Здравје и совет

Некои работи веќе ја губат смислата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Добро ќе ја разберете саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата што сте ги поставиле. Добро е.

Кариера

Работите си одат по својот тек и добро е. Денеска занимавајте се со мали поттици со кои ќе ја пофобрите работата.

Здравје и совет

Посилни сте од повеќето.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашата врска добро функционира, а денеска ќе мора да изреагирате на една работа, што ќе ви одземе дел од времето што сте планирале да го минете со саканата личност.

Кариера

Состојбата е зрела за вашето напредување на работното место, па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин.

Здравје и совет

Мала главоболка или тага.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денешниот ден најверојатно многу ќе ве насочи кон домот и семејството. Нешто тука би можело да созрее.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу две опции, а ниту една нема да ви изгледа добро. Поминете преку тоа и имајте трпение.

Здравје и совет

Наскоро сѐ ќе биде појасно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате силна фантазија, така што без проблем ќа ја надвладеете секоја празнина во личните односи.

Кариера

Ќе ви се јават соработници од странство со интересен предлог за кој ќе треба да размислите сериозно.

Здравје и совет

Она што го немате, ќе го измислите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Откако се ви стана јасно, повторно запаѓате во преодна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта.

Кариера

Или вие ќе бидете премногу попустливи кон надредените или тие така ќе се постават кон вас.

Здравје и совет

Неизбалансираност на крвната слика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што можеби ве измачуваше, денеска ќе знаете да го искажете со многу чувства и искреност.

Кариера

Создадени се условите за една нова деловна соработка со соработници кои не се од истото место каде што работите.

Здравје и совет

Ќе бидете поспани.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашето семејстов како да ве окупира за себе, па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се.

Кариера

На дневен ред ќе се најде мала анализа за една заостаната работа. Се друго што се однесува на работата, се одвива во ред.

Здравје и совет

Контролирајте го количеството храна што го внесувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Со саканата личност ќе се обидете да изведете нешто ново во сексот. И на двајцата ќе ви биде мило за тоа.

Кариера

Ќе се уверите сдека вложувачите се сосема подготвени за да ги прифатат вашите идеи. Внимавајте само во целиот процес да не бидете насилни.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно е дека вашата сакана личност ќе бара многу внимание. Прифатете го тоа како реалност. Посветете ѝ се.

Кариера

Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се подготвени за дас е склучи договор.

Здравје и совет

Остварете сѐ што ќе замислите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дејан Матиќ проговори за синовите: Уште се мали, но веќе си ја избрале професијата

Следно

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop