ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

4 mins read

За три дена во Македонија ќе се одржат двојни избори. Колку пријави има до ДКСК од почетокот на кампањата до сега за прекршување на Изборниот законик и конкретно на што се однесуваат тие?

Од денот на распишување на председателските, односно парламентарните избори, до денес, оформени се вкупно 45 предмети од областа на спречување на корупција. Дополнително, примени се околу 400 барања од државните институциии во однос на барање мислење за постапување во делот на што смеат, односно што не смеат да прават додека трае изборниот процес, односно изборната кампања.

Од оваа бројка, 45 предмети кои се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашување во изборниот процес, офоремни се 41 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос.

21 предмет има оформено ДКСК по овој основ. Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети.

Во однос на изградба, односно реконструкција на објекти, еден предмет. И во однос на злоупотреба, сомневање за злоупотреба на користење на службено возило, еден предмет. Останатите 12 предмети се однесуваат на активности за предвремено започната изборна кампања, дополнително ангажирање на вработени лица од државни институции за потребите на изборната кампања.

Исто така, ДКСК по сопствена иницијатива оформи два предмети. Едниот предмет се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана. Едниот предмет беше оформен за набавка на медицинските возила.

Исто така, имавме постапување по еден приговор, поднесен од организатор во изборната кампања, во однос на продолжување на постапка за вработување.

Во однос на пријавата што ја споменавте, за Агенцијата за судии и јавни обвинители, како заврши таа постапка?

Ова постапка се однесуваше за јавниот оглас, кој што Управниот одбор на Академијата за суди и јавни обвинители го имаше распишано за вработување на 130 идни јавни обвинители и судии.

Меѓутоа, со последната постапка пред Вишиот управен суд, тужбата, односно жалбата на тужителот Академија за судии и јавни обвинители беше одбиена, беше потврдена нашата одлука, како што и беа отфрлени, како не основани, жалбите кои беа поднесени од самите кандидати кои што беа пријавени на овој оглас.

Ова одлука која ја донесе Вишиот управен суд, предходно Управниот суд, не охрабрува и ни дава потик и понатаму посветено да се вршиме нашата работа и секако да ја охрабриме довербата која што имаме добиено во назначување на овој состав на оваа комисија. А со тоа и даваме надеж дека сите надлежни институции ке имаат по голем интерес во постапување по нашите пријави, односно предмети кои што ке ги доставиме до надлежните институциии.

Што ќе се случува сега после одлуката на Вишиот управен суд?

Да, со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.

Во текот на кампањата известивте и дека водите постапка за евентуална злоупотреба на државни возила. Дали сите институции го испочитуваа рокот да ги пријават службените возила? Доколку не, каква е постапката?

Во соработка со Министерство за внатрешни работи обезбедивме податоци за 1.557 државни институции. Институции кои имале потреба, односно обврска да достават податоци за возилата кои што ги користат. До законскиот тврдениот рок, кој беше 24. феврари 2024 година, доставија 402 институции, што подразбира некаде околу 20-25% потребни институцији кои имале законска обврска да го достават овој податок. После законскиот утврдениот рок, имаат доставено 88 институции.

Државната комисија во насока на транспарентно однесување, како и заштита на сите буџетски, односно државни средства при користење на овие возила, достави соопштение на својата веб-страна и повторно укажа на потребата од доставување на овие податоци до Државната комисија. По објавување на ова соопштење, до Државната комисија доставија податоци 232 институции, што значи дека до денеска 50% немаат од институцииите доставено податоци.

Морам да кажам дека по укажувањата од наша страна, се подигна свеста кај голем број на институции и покрај тоа што не го испочитувале законскиот рок да достават податоци за овие возила. Во законот е уредено дека за оние институции кои немаат да достават податоци за службените возила, Државната комисија има надлежност да поведе прекршочна постапка. Меѓутоа, законот и во овој дел има една правна празнина, системска слабост, не утврдува прекршок, не утврдува висина на санкција, што подразбира дека е оневозможено да ја спроведеме оваа наша законска надлежност.

Во овакви услови, во овакво постоење на овакво законско решение, Државната комисија се обрати писмено до оние органи кои што спроведуваат избори и менувања, до владата на Македонија, до Собранието и до единиците на локална самоуправа за покренување на одговорност од страна на органот кој што ги именува во однос на оние кои што не имаат доставено податоци. Не сме информирани дали нешто е постапено по однос на нашето укажување. Се надевам дека ќе бидат преземени мерки.

Еден од тие предмети за кои што говорите во однос на тендерите и закупот кој што го изврши Државната лотарија. Тој предмет остана од предходното раководство. Дали напредува истрагата и кои се досегашните наоди?

Точно, тој предмет е наследен од предходниот состав на Државната комисија пред завршување на мандатот, истиот е проширен и со закупот, во тек е разгледување на овој предмет, се утврдува фактичката состојба и по повторно ќе кажам не би ги откривала деталите. Постапката е во тек, се имаме обратено до надлежните институции за обезбедување на потребната документација.

Дали е доставена?

Па мислам дека е доставено дело од документацијата, меѓутоа станува збор за доста обемен предмет, кој што бара и обезбедување на пообемна документација за која е потребно време на незино доставување и разгледување од наша страна.

По завршувањето на мандатот, председателката Ивановска информираше дека од 56 иницијативи за кривично гонене кои што се доставени до обвинителствата, ниту едно не е процесуирано, освен сега ако го иземеме предметот за Агенцијата за млади и спорт. Дали во бројката е променета и како вие го оценувате неприфаќањето на иницијативите од страна на обвинителството?

Одржавме работна средба со јавниот обвинител на Јавното обвинителство. Бeвме информирани дека за околу 22 предмети во тек е спроведување на активности, односно работа по истите, што значи очекуваме дека ќе имаме произнесување по поголем број на пријави доставени од Државната комисија. Секако дека наш успех ќе биде секоја наша пријава поднесена до Јавното обвинителство да заврши со позитивна судска одлука.

Повеќе во интервјуто.

Извор: Радио Слободна Европа

Претходно

Православните верници го слават Велигден

Следно

Украина: „Распишувањето потерница за Зеленски е доказ за очајот на руската пропаганда“

Latest from Blog