ДИЗ: Пратката од Македонија за Хрватска содржи свеж кељ, а не зелка и нема пестициди

January 24, 2025
1 min read

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) излезе со соопштение по добивањето на известување од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF – Window) од Република Хрватска во врска со пратка на свеж кељ (brassica oleracea var sabauda), што била идентификувана како небезбедна од страна на хрватската царинска служба при увозот.

Првично, од ДИЗ потенцираа дека во медиумите се појавија соопштенија што не се точни бидејќи посочуваат на пратки на зелка, а во конкретниов случај станувало збор за свеж кељ.

-Според хрватскиот извештај, се утврдило присуство на забранета активна материја imidacloprid во производот, што од 1.12.2020 во рамки на регулативата на ЕУ 2020/1643 е забранета за употреба. Извозот е остварен на 9.1.2025 година, а пратката што била задржана на граничниот премин е со вкупно количество од 2.700 килограми, наведуваат од ДИЗ во денешното соопштение.

По добивањето на оваа информација, ДИЗ извршил 20 вонредни контроли од страна на внатрешни фитосанитарни инспектори кај регионалниот откупувач и извозник. Притоа, констатирано било дека земјоделскиот производ свеж кељ е откупен од земјоделско стопанство во селото Јосифово, Валандово.

-Инспекцискиот надзор беше спроведен кај 20 земјоделски стопанства меѓу кои и производителот од каде потекнува свежиот кељ и земени се мостри за да се утврди дали има присуството на забранената активна материја. По добиениете резултати од државната фитосанитарната лабораторија беше констатирано дека нема присуство на ниту една забранета активна материја во земените примероци. Во рамки на акцијата беа изречени решенија за водење на евиденција и глоба во износ од 700 евра, по истиот основ, се додава во соопштението.

Во изминатите денови биле извршени дополнителни проверки и анализи.

Директорот на ДИЗ, Васе Анакиев апелираше дека водењето на листа за евиденција на третирање на растенија и растителни производи е задолжително.

-ДИЗ во континуитет ги следи сите аспекти на безбедноста на земјоделските производи што се извозуваат или увезуваат во нашата држава. Нашата основна задача е да обезбедиме гаранција дека производите што ги испорачуваме на странските пазари, како и оние што ги увезуваме, не содржат забранети или опасни активни материи што можат да претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Во случајот со кељот извезен во Хрватска, по извршените контроли и анализи, можеме да потврдиме дека нема присуство на опасни материи. Но и понатаму ќе продолжиме со интензивни надзори за да осигуриме безбедност на сите земјоделски производи во нашата држава, додаде Анакиев.

Иако во државава, наведуваат од ДИЗ, пазарот на пестициди што содржат imidacloprid е веќе регулиран и понатаму се изведуваат редовни и вонредни инспекциски надзори.

-На овој начин, се осигурува оти земјоделците ги следат законските регулативи и дека не се користат забранети хемикалии што можат да доведат до затруени производи. За дополнителни информации, граѓаните се упатуваат да ги следат сите нови извештаи и да се консултираат со надлежните органи, истакнуваат од ДИЗ во денешното соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Хамас утре ќе ја ослободи следната група израелски заложници

Следно

Најголем број патници на граничните премини Пелинце и Белановце имало за време на летните месеци

Latest from Blog

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на собраниска седница на 9 јули

За интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски поднесена на 4 јуни од пратеничката група на Европски фронт ќе се расправа во рамки на 59. собраниска седница закажана на

Низ аеродромите во Истанбул од јануари до мај поминаа речиси 50 милиони патници

ИСТАНБУЛ (АА) – Низ двата аеродроми во Истанбул поминале 49,9 милиони патници во првите пет месеци од годината, покажуваат податоците од Генералниот директорат на Државната управа за аеродроми (DHMI), јавува Анадолу. Бројот

Лидерите на ЕУ ја осудија хуманитарната криза во Газа, го повикаа Израел целосно да ја укине блокадата

БРИСЕЛ (АА) – Лидерите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) денес го осудија влошувањето на хуманитарната криза во Газа и растечкиот број цивилни жртви, и го повикаа Израел целосно да ја

Маричиќ: Време е Владата искрено да каже – промената на преговарачката рамка е речиси невозможна

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија упати критика до новата Влада, повикувајќи на искреност и јасна позиција околу процесот на европските интеграции и
Go toTop