Дивите таксисти си возат, инспекторите си „спијат“

January 4, 2025
1 min read

Градот Скопје е преплавен со илјадници диви таксисти, додека надлежните институции не преземаат конкретни мерки за решавање на овој хроничен проблем. Граѓаните, оставени без заштита, често се соочуваат со неправедни цени за превоз, а разликата меѓу лиценцираните и дивите таксисти станува сѐ понезабележлива, особено бидејќи жолтите таблички веќе не се сигурен показател за легалноста на возилата.

„Ми беше потребно такси од Железничка до Ѓорче Петров. Не можев да најдам преку повик, па прифатив понуда од таксист со жолти таблички. Кога му кажав каде треба да одам, побара 700 денари . Иако инсистирав на користење таксиметар, тој одговори дека не му работи. Обично сумата не надминува 500 денари. Немав избор и морав да платам“, споделува жителка на Скопје.

Претседателот на Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје, Сашо Рајчановски, истакнува дека проблемот со дивите таксисти ескалирал во последните години. Според него, недостигот на редовни контроли и пасивноста на инспекциите се главните причини за хаосот.

„Законот и одлуките постојат, но никој не ги спроведува. Голем број од лиценцираните таксисти ги напуштаат компаниите бидејќи дивите таксисти заработуваат повеќе без никаква контрола или обврски“, додава Рајчановски.

Тој објаснува дека дивите таксисти, кои често користат нерегулирани апликации и не издаваат фискални сметки, наплаќаат неколкупати повисоки суми од реалните. Дополнително, дел од нив користат возила кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди, што претставува ризик за патниците.

Рајчановски предлага интензивни инспекциски контроли и строго спроведување на законите како начин за решавање на проблемот. Тој посочува дека, со отстранување на дивите таксисти, не само што ќе се подобри квалитетот на услугата, туку ќе се отвори и простор за нови легални вработувања, што ќе донесе финансиски придонеси за државата.

„Ако има волја, проблемот може да се реши за еден месец. Инспекторите мора да се активираат, а ако е потребно, да се побара и помош од републичките инспектори. Без тоа, хаосот ќе продолжи“, заклучува Рајчановски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

Следно

Нефер трговски практики, петмина од антимонополска ќе се борат против нечесните трговци

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop