Дискусија на тема „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“

June 26, 2023
1 min read

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира дискусија на тема „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“. Дискусијата ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква, на 27 јуни, со почеток во 19.30 часот.

На дискусијата ќе учествуваат Оливера Ќорвезироска, писателката, уредничка и лекторка, Ненад Стевовиќ, уредник и еден од сопствениците на издавачката куќа „Или-или“, Билјана Црвенковска, писателка, уредничка и сопственичка на издавачката куќа „Чудна шума“ и Жарко Кујунџиски, писател, уредник и сопственик на издавачката куќа „Антолог“. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски, писател, уредник и преведувач.

Колку е долг пат од преводот на една книга до нејзиното издавање? Дали во македонскиот културен контекст се внимава на сите чинители во издавачкиот процес, од уредникот кој ги избира делата што треба да бидат преведени, преку преведувачот, лекторот и уредникот кој го контролира и уредува направениот превод? Дали зголемената издавачка продукција во Македонија во последниве години ја следи и зголемен интерес за читање? Дали издавачките куќи самите имаат капацитет за зголемување на читачката култура или е потребна дополнителна помош? Каква е иднината на објавувањето и читањето книги? Овие се дел од прашањата на кои ќе дискутираат и дебатираат гостите, кои во последните години оставија голема трага на македонската книжевна сцена.

Јавниот настан е дел од проектот „Превод во движење“, меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји. Исто така, во рамки на проектот ќе бидат организирани и работилници за книжевен превод, преку кои ќе се зајакнат капацитетите на преведувачите, а ќе биде изработена и мапа на резиденции за книжевни преведувачи во Европа.

Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Целта на бунтот не беше соборување на руското раководство, вели шефот на „Вагнер“

Следно

Внукот на Ахмети со нула денари добива 39% од „Соравиа“ која должи 20 милиони евра

Latest from Blog

По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата поради исполнување на барањето за

Американската морнарица загуби борбен авион Ф-18 од носачот „Хари С. Труман“ во Црвеното Море

ХАМИЛТОН (АА) – Американски борбен авион Ф-18 и возило за влечење од носачот на авиони „Хари С. Труман“ паднаа во водите оперирајќи во Црвеното Море, соопшти денес американската морнарица, пренесува Анадолу. „УСС

Кривични против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против поранешните вработени во МВР – В.В. и В.Н. за кривично дело

Јаќимовиќ во Аргумент плус: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ во Аргумент плус рече дека Милорад Додик не избегал во Русија туку таму е на покана на рускиот пчретседател Владимир Путин. Според него,

Кирил Лазаров објави список со 35 ракометари (ФОТО)

Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за последните две квалификациски кола од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. На списокот на Лазаров има 35
Go toTop