Директорот на ЦУК Ангелов во 3 часот наутро отишол на Водно да помогне на момче со скршена нога

September 5, 2023
1 min read

реклама



На социјалните мрежи кружи информација во која стои дека директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во три наутро заминал на Водно за да спаси момче кое имало скршена нога.

Имало ноќна забава на крстот на Водно, по што симнувајќи се надоле, едно момче ја скршило ногата. Негови пријатели повикале помош, но откако Прва помош и ЦУК немале екипи да испратат на терен, самиот Ангелов заминал на Водно, и на раце заедно со неговите пријатели го кренале момчето и го однеле во болница.

реклама

Дека е веродостојна информацијата, потврди и самиот Ангелов кој во коментарот се заблагодари на убавите зборови.

„Потег за почит: Стојанче Ангелов во 3 сабајле дошол да помогне на Водно!

реклама

Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.

Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.

реклама

Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница.

Во оваа пригода сакам да го пофалам генералот Стојанче Ангелов и без разлика што и да мислите за него овој потег од негова страна, што запалил кола и дошол во 3 сабајле е за почит. Поддршка, но и апел ЦУК да има екипи во секое време да бидат спремни за интервенција на терен 👏

Со ваквите хумани потези како овој на Стојанче Ангелов сфаќам дека се враќа мојата надеж за човештвото, но се губи надежта во државата која нема дежурни екипи во ноќните часови.“, стои во објавата на „Фејсбук“.

реклама



EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Инзаги на клупата на Интер до 2025

Следно

Холанѓаните блокираа 500 влезници за дуелот против Грција во евроквалификациите

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПРЕД МАСОВЕН ПОМОР: Еболата влезе меѓу бегалците, ИСИС не дозволува помош!

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго брзо излегува од контрола и се шири со застрашувачка брзина. Локалните власти официјално соопштија дека бројот на потврдени случаи веќе достигнал 1.003,

Божиновска: Две години посветена работа за посилна и енергетски независна Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот
Go toTop