Директорот на ЦИА е во посета на Белград

August 22, 2024
1 min read

По посетата на Сараево, директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс пристигна во Белград. Нема официјални информации за посетата на Барнс на Србија, ниту пак се знае кои теми се на маса, јавија белградските медиуми.

Поранешниот дипломат и поранешен амбасадор на САД во Русија, а сега клучна фигура во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, Вилијам Барнс, ја започна својата „балканска турнеја“ со посета на Босна и Херцеговина.

Барнс пристигна во главниот град Сараево на 20 август, каде што се сретна со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со министерот за надворешни работи на таа земја.

Претставник на американската влада потврди за ТВ Н1 Сараево дека разговарале за прашања од заеднички интерес, кои ги вклучуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина. Исто така, тие разговараа за „загрижувачката сецесионистичка реторика и постапки на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и Владата на Република Српска“, изјави претходно за ТВ Н1 Сараево претставник на американската влада. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истражување: Топлотните бранови во Обединетото Кралство би можеле да доведат до шесткратно зголемување на смртните случаи до крајот на векот

Следно

Фрчкоски поднесе оставка од местото Амбасадор во ООН во Њујорк

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop